Бројот на Палестинци приведени на Западниот Брег од 7 октомври се искачи на 3.200

1 min read

РАМАЛА (АА) – Израелската војска денес приведе 20 Палестинци на окупираниот Западен Брег, со што вкупниот број на притворени од 7 октомври досега се зголеми на 3.200, соопшти Здружението на палестински затвореници, јавува Анадолу.

„Окупациските сили приведоа најмалку 20 Палестинци, ноќта меѓу сабота и недела, од градовите и помалите населени места на Западниот Брег, вклучувајќи го и Источен Кудс (Источен Ерусалим)“, се вели во соопштението на невладината организација.

Се додава дека вкупниот број на притворени од 7 октомври се искачил на 3.200.

Израелската војска секојдневно влегува во селата и градовите низ Западниот Брег, и приведува, пука и фрла гасни бомби врз Палестинците.

Ова ескалираше како резултат на разорната офанзива што израелската армија ја започна во Појасот Газа од 7 октомври.

Со посредство на Катар, во петокот стапи на сила четиридневна хуманитарна пауза, со што привремено беа запрени нападите на Израел врз Појасот Газа, а почната е и размена на заробеници.

Во првите два дена од хуманитарната пауза, Израел и Хамас разменија 41 Израелец и други странски државјани за 78 Палестинци од израелските затвори.

Според договорот, заложниците и затворениците ќе бидат ослободувани во групи во текот на четирите дена.

Израел започна голема воена кампања во Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври.

Оттогаш во израелските напади загинаа најмалку 14.854 Палестинци, од кои 6.150 деца и над 4.000 жени, според здравствените власти во енклавата. Бројот на загинати во Израел, според официјални информации, изнесува 1.200.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

Претходно

(ВИДЕО) NMK наместо МК на знаците по главниот автопат во соседната држава која Македонците ја сметаат за најпријателска

Следно

Мицкоски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбеди 1 милијарда евра во 4 годишен мандат или 250 милиони годишно за општините за капитални инвестиции, ќе покажеме дека не се сите исти

Latest from Blog