Бројот на барања за згрижувачки семејства, по земјотресот од три се зголеми на 29.000 дневно

1 min read

АНКАРА (АА)

– Ајше Шенсој БОЗТЕПЕ

Двесте и деведесет илјади луѓе, меѓу кои и познати личности, сакаат да станат згрижувачки семејства за децата без придружба по земјотресите со епицентар во Кахраманмараш кои разорија 11 турски области, известува Анадолу.

По земјотресите цела Турција стана „едно срце“ за на секој начин да им помогне на настраданите од земјотресот и да застанат покрај нив.

Покрај материјалната и парична помош за жртвите од земјотресот, голем број луѓе се потрудија да им понудат топол дом на децата без придружба.

Од првиот ден на земјотресот, многу луѓе, вклучително и личности кои ѝ се познати на јавноста, преку е-Влада аплицираа до Министерството за семејство и социјални услуги за да им понудат прегратка на децата погодени од земјотресот.

За разлика од претходната година, кога во просек се добиваа по три барања дневно за да се стане згрижувачко семејство, вкупната бројка на пријави во последните десет дена по земјотресот се зголеми на 290.000.

– Во моментов не се спроведува услугата за згрижувачки семејства за децата кои го преживеаја земјотресот

Децата и бебињата кои го преживеаја земјотресот прво се транспортираат во болниците на здравствени проверки и третмани. По завршениот лекарски третман, тие се идентификуваат и им се предаваат на нивните семејства и роднини.

Децата преживеани од земјотресот, чие лекување е завршено, а не може да се дојде до нивните семејства, се земаат под грижа и заштита на институциите на Министерството за семејство и социјални услуги.

Министерството, кое по идентификацијата, предност им дава на роднините за повторно да се обединат со преживеаните од земјотресот, во моментов не спроведува услуги за згрижувачки семејства за бебиња и деца кои ги преживеаја разорните земјотреси во Туркије.

Министерството ќе ги оценува барањата за згрижувачките семејства за жртвите од земјотресот кои останале без придружба и кои би биле земени под негова заштита, доколку во наредниот период не може да се стапи во контакт со нивните семејства.

Од друга страна, продолжува процесот за станување згрижувачко семејство за децата кои се заштита на институциите.

– Кои се условите да се биде згрижувачко семејство?

За згрижувачко семејство можат да аплицираат државјани на Република Турција, со постојан престој во Турција, на возраст од 25 до 65 години, завршено најмалку основно училиште, со редовни примања, да се родители на детето или лица кои немаат старател.

За згрижувачко семејство, особено се претпочитаат роднини, соседи или семејни пријатели кои се блиски со детето.

Секој оженет, самец, со или без деца, секој што сака да биде згрижувачко семејство може да аплицира во е-Влада и во обласните дирекции во местото каде што живеат. Притоа, задолжително е сопружниците заедно да аплицираат за ова барање.

Оние кои сакаат да поднесат барање за заштитничко семејство, потребните документи и информации можат да ги добијат преку веб-страницата на Министерството за семејство и социјални услуги.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

ПОЧНУВА 73. БЕРЛИНАЛЕ, 19 ФИЛМОВИ ВО ТРКА ЗА ЗЛАТНА МЕЧКА

Следно

Ѓорѓиевски се сретна со вишиот директор на НДИ во земјава, Роберт Скот Хејзлет

Latest from Blog