Британците плаќаат стотици милиони фунти за ветерниците да не им работат

March 2, 2023
1 min read

Тамошната регулаторна, Офгем, изјавува дека мрежата на земјата се уште не е адаптирана на потребите и планот на земјата да се префрли на чиста енергија до 2035.

Процените на Националната мрежа е дека до овој рок, 2035, трошоците за справување со вишокот струја може да достигне и до 2,5 милијарди фунти годишно.

Проблемот само се зголемува како што во Шкотска и на Северното море константно се градат нови ветерници, заради ветриштата што го зафаќаат тој дел до земјата, а најголемата побарувачка е од југот на островот каде се и најголемите и најнаселените градови.

„За да се поклопат понудата и побарувачката, Националната мрежа треба да ја префрли струјата од таму каде што се произведува до местата на кои е потребна.

Но во моментот нема доволно кабли меѓу Шкотска и Англија за да се направи тоа,“ пишува Скај њуз.

Моментално нема ниту еден подводен кабел на западниот брег на Британија, а двете главни врски се на копно, „ова значи дека кога на северот е многу ветровито се создава повеќе струја отколку што овие кабли можат да пренесат без да се ризикува нивно оштетување“.

„Бидејќи се уште не можеме да ја складираме обновливата енергија во потребниот обем, Националната мрежа нема друга опција освен да побара од сопствениците да ги изгасат своите турбини,“ објаснуваат од Скај.

За ова, Националната мрежа им има исплатено на сопствениците на ветерници 215 милиони фунти, плус дополнителни 717 милиони фунти за повторно стартување на гасните турбини кои се поблиску до изворот на побарувачка. Овие пари потоа им се наплаќаат на потрошувачите низ цела Британија како дел од сметката за струја.

Заради истите проблеми со инфраструктурата вишокот на обновлива енергија Британија не може ни да го извезе во други држави.

Од Офгем изјавиле дека имаат план за темелен ремонт на подводната и копнената електрична мрежа и до 2030-та таа да има капацитет за префрлање на 50 гигавати струја добиена од оф-шор ветерниците на северот.

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Делата на Лубарда се предодредени на вечност и тестамент во кој е втисната меморијата на постземјотресно Скопје и МСУ

Следно

Водата во Скопје ќе поскапи најмногу за девет насто – одлучи Регулаторната комисија

Latest from Blog

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се

Челникот на Анадолу на изложбата на İstanbul Photo Awards: Секоја фотографија ја пренесува состојбата на светот

ИСТАНБУЛ (АА) – „İstanbul Photo Awards“ уште еднаш покажува дека секоја фотографија со документарна вредност не е само слика туку јазик за разбирање и пренесување на состојбата на светот и суштината на
Go toTop