Божјиот инфлуенсер станува светец

1 min read

Карло Акутис почина во 2006 година, на 15-годишна возраст, а на пат е да биде прогласен за светец откако папата Франциско му го призна второто чудо кое го направил во текот на животот: заздравување на студент на универзитет во Фиренца кој имал крварење на мозокот по претрпена повреда на главата.

Карло Акутис беше беатифициран и прогласен за блажен – првиот чекор кон светост – во 2020 година, откако му беше припишано неговото прво чудо – исцелување на едно бразилско дете со вродена болест на панкреасот.

Карло Акутис е роден во Лондон а почина во Монца, Италија, откако му беше дијагностицирана леукемија. Неговото тело беше преместено во Асизи една година по неговата смрт, и моментално е целосно изложено заедно со другите реликвии поврзани со него.

Освен што дизајнираше веб-страници за неговата парохија и училиште, тој стана познат по веб-страницата која го документира секое пријавено евхаристиско чудо, а беше публикувана неколку дена пред неговата смрт.

Последната  личност што беше прогласена за светица беше Марија Антонија де Паз и Фигуероа, позната и како Мама Антула, религиозна сестра од 18 век, која стана првата жена светица во Аргентина.

ИЗВОР: off.net.mk

Претходно

Многу скоро договор за нова влада, Собранието закажа конститутивна седница за вторник

Следно

Германски медиум плати отштета од 200.000 евра за лажно интервју со Шумахер

Latest from Blog