Божиновска за цената на струјата: Ќе се потрудиме да ги заштитиме граѓаните од ценовни шокови

November 8, 2024
1 min read

Ќе дискутираме со ЕСМ и ќе направиме се што е во наша можност да нема поскапување на електричната енергија од следната година. Секако, тоа ќе зависи и од планот за производство на ЕСМ, но ќе се потрудиме да ги заштитиме граѓаните од ценовни шокови, изјави министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

Во интервју во Дневникот на ТВ Сител вечерва таа посочи дека цената по која во моментов ЕСМ ја снабдува ЕВН за крајните потрошувачи е 60 евра и, рече, „ако ги споредиме со реалните цени, тоа е многу пониско, што значи дека оваа Влада покажува интерес и се грижи за граѓаните“.

Увозот на струја наместо неделно, сега се прави на две недели и, како што рече, сега транспарентно се кажуваат цените.

-За жал, бидејќи хидрологијата е многу лоша, под 20 отсто се водните резерви и затоа се правеше увоз… Се надеваме и првиот блок (од РЕК Битола) да биде во работа од декември и дека тој увоз ќе биде многу мал односно ќе се обидеме да се произведат доволно мегават-часови за целото население, вели Божиновска.

Во однос на состојбата во РЕК Битола и какви се плановите со Комбинатот, министерката кажа дека минатата недела имала средба со новиот менаџмент и дека затекнатата состојбата била „катастрофална“.

-Лично видов што се случува таму, ми беше презентирана ситуацијата што тие ја наследија. Можам да кажам дека има многу аномалии и дека е катастрофална состојбата. Немало направено ремонти, има голем број на непотребна залиха и, најважно од се, механизацијата не била употребувана и квалитетот на јагленот е несоодветен, изјави Божиновска.

Рударскиот институт од Штип во соработка РЕК Битола направил проект со план како ќе се ископува јагленот и рече дека за кратко време има подобрување во работата на блоковите и затоа очекува да се обезбеди доволно количество енергија за претстојната зима.

-Одамна немаме видено од 17-тиот до 22-иот час, тоа се часови кога електричната енергија на берзите е многу скапа, во двата блока се произведува по 180 мегавати моќност, дури во минатиот викенд беше и 203 мегават-часови. Тоа значи е големо подобрување. А што се однесува до првиот блок кој не функционира, не бил направен ремонтот како што треба. Но овој менаџмент не увери дека ќе направат напори во декември да биде ставен на мрежа. Тоа значи да се зајакнат капацитетите и да се произведе максимум што е можно електрична енергија, додаде Божиновска.

За ваучерите за инвертер клима-уреди за домаќинства информираше дека вчера – на првиот ден од нивното доделување, биле поделени 76 проценти од над 6000 ваучери, а ќе може да се подигнат до крајот на месецов.

Рече дека граѓаните кои сметат дека се оштетени при изборот може да достават жалба во архивата на Министерството за енергетика и дека сите жалби ќе бидат проследени и разгледани во нивната правна служба.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Земјотрес ја стресе Македонија, еве каде е епицентарот!

Следно

ОН предупредуваат дека израелската армија користи „смртоносна воена тактика“ на Западниот Брег

Latest from Blog

Шмихал: Договорот за минерали со Вашингтон нема да ја вклучува претходната помош

Украина постигна договор, според кој претходната американска помош обезбедена за Киев нема да биде вклучена во договорот за минерали што земјата планира да го потпише со Вашингтон, изјави украинскиот премиер Денис Шмихал.

Горивата поскапуваат!

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во

Раст на цените, закани од Владата: Колку се ефективни мерките?

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, ги предупреди трговците дека ако продолжат со непочитување на владините мерки за контрола на цените, ќе бидат применети поригорозни мерки. Во случај на значителни поскапувања

Казни до 5.000 евра за продажба и купување е-цигари со арома во Словенија

Во Словенија стапи во сила забраната за сите ароми, освен тутунските, кај електронските цигари и нивните дополнувања. Здравствениот инспекторат и Управата за јавни приходи ќе вршат засилени контроли, а казни им се
Go toTop