Божиновска за Фактор: Енергетската сувереност веќе се гради, проценети се инвестиии од над 1,35 милијарди евра во производство и складирање на енергија

January 22, 2026
1 min read

Пишува: Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини

Енергетската транзиција одамна не е прашање на избор. Таа е економска, безбедносна и геополитичка нужност. Светот веќе не расправа дали треба да се менува енергетиката, туку како и колку брзо.

Енергетиката денес е пазарна реалност, но и прашање на национална отпорност. Македонија предолго беше набљудувач во тие процеси. Без јасна стратегија. Без долгорочно планирање. Без системска визија.

 

Тоа го сменивме.

Со формирањето на посебното Министерство за енергетика и со новиот Закон за енергетика, поставивме јасен институционален и правен темел. Воведовме ред таму каде што со години имаше ад-хок решенија. Започнавме планиран развој наместо реактивно управување.

Енергетската безбедност денес не значи само поседување извор на енергија. Таа значи способност системот да издржи кризи, да се адаптира на шокови и да обезбеди стабилно снабдување во секој момент.

Енергетската независност, исто така, не значи целосно отсуство на увоз. Таа значи увоз по избор – а не по нужност.

Во декември минатата година, согласно законот, го донесовме Годишниот план за изградба на енергетски објекти за 2025 година. Тоа не е формален документ. Тоа е инвестициски и развоен пасош на државата, со вкупна вредност над 1,35 милијарди евра.

Првпат Македонија има јасна мапа каде оди енергетскиот сектор.

Планот опфаќа 481 проект кои се веќе реализирани или во завршна фаза. Нашиот пристап е јасен: секој мегават мора да биде функционален дел од системот. Не бројка на хартија. Не политичка декларација.

Затоа паралелно со изградбата на капацитети, ја зајакнуваме и мрежата што таа енергија треба да ја пренесе.

Доминираат фотонапонските централи. Го користиме сонцето – нашиот најголем природен ресурс. Но овојпат тоа го правиме контролирано, плански и со дигитализирани постапки за приклучување.

Целиот текст може да го прочитате на Фактор.мк

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Флик: Ги заслуживме трите бода

Следно

Средби на собраниска делегација во Кнесетот на Израел

Latest from Blog

Божиновска: Македонија го модернизира енергетскиот пазар по европски стандарди

Со потпишување на договорот меѓу Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје и словенечката енергетска берза БСП, официјално започна имплементацијата на пазарот во тековниот ден (Intraday Market), со

Јелена Карлеуша го пријави Душко Тошиќ: Провалил во нејзиниот стан каде што живее со ќерките, пристигнала полицијата

Полицијата пристигнала во Дедиње, а според информациите на српски „Курир“, по околу дваесет минути, Душко Тошиќ наводно ја напуштил куќата во придружба на двајца униформирани полицајци. Откако го забележал присуството на медиумите, наводно

Данците со помош на апликации ги бојкотираат американските производи во супермаркетите

Гневот во Данска поради спорот со САД во врска со Гренланд се шири и низ супермаркетите, при што некои потрошувачи избираат да ги бојкотираат американските производи, јави ДПА. Стоките од САД сè

МАИР: Преработеното месо е канцерогено, а црвеното месо е можно канцерогено

Меѓународната агенција за истражување на ракот (МАИР) при Светската здравствена организација (СЗО) ја оценува потрошувачката на црвено месо како можно канцерогена, а преработеното месо како канцерогено за луѓето. По темелно разгледување на
Go toTop