Данците со помош на апликации ги бојкотираат американските производи во супермаркетите

January 22, 2026
1 min read

Гневот во Данска поради спорот со САД во врска со Гренланд се шири и низ супермаркетите, при што некои потрошувачи избираат да ги бојкотираат американските производи, јави ДПА.

Стоките од САД сè повеќе се изоставуваат од списоците за купување, а новите апликации за паметни телефони им овозможуваат на купувачите да скенираат прехранбени производи за да го проверат нивното потекло. Таква апликација е и „УденУСА“ (‘UdenUSA’ – ‘Без САД’). Ја развиле 21-годишниот Јонас Пипер од Данска и неговиот пријател Малте Хенсберг, чија замисла го доби својот облик лани, кога американскиот претседател Доналд Трамп првпат сериозно се закани дека ќе ја преземе контролата врз во голема мера автономната арктичка територија Гренланд, којашто сепак, е под врховна власт на Кралството Данска.

Бран протести во Данска во тоа време доведоа до создавање Фејсбук-група посветена на бојкот на стоките од САД. Групата сега има повеќе од 100.000 членови, во држава со околу шест милиони луѓе.

Пипер изјави за ДПА, дека многу потрошувачи сакаат да престанат да купуваат храна од САД, но честопати им е тешко да го идентификуваат потеклото на производите во супермаркет. Според него, апликацијата има за цел да го реши тоа со означување на земјата на потекло и предлага алтернативи од европски производители.

До денеска „УденУСА“ се рангираше на прво место меѓу бесплатните апликации во „Ап стор“ (App Store) во Данска.

Целокупното влијание на бојкотот останува неизвесно. Економијата на Данска е релативно мала и само ограничен број прехранбени производи се увезуваат директно од САД. Дури и ако значителен број потрошувачи избегнуваат американски стоки, ова веројатно нема да резултира со значајни економски или политички последици, според Саша Рајтел – професор по маркетинг на германскиот Слободен универзитет во Берлин. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Симеоне: Пласманот меѓу првите 8 повеќе не зависи само од нас

Следно

Јелена Карлеуша го пријави Душко Тошиќ: Провалил во нејзиниот стан каде што живее со ќерките, пристигнала полицијата

Latest from Blog

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се

556 пензионери без картички подигнаа средства од „Алта банка“ во Битола

Вкупно 556 пензионери со платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, кои немаат платежни картички, подигнале средства на шалтерите во битолската филијала на 5 ноември, соопшти Народната банка. Првично биле планирани околу

Тоневски: Пробиштип усвои Акциски план за млади со конкретни активности за 2027/2028 година

Пробиштип беше домаќин на Национален младински дијалог, на кој учествуваа млади од Пробиштип, Берово, Пехчево, Виница, Зрновци и Кавадарци, како и младински работници. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони

Проданоски: Искуствата од другите земји можат да ни помогнат да ги подобриме социјалните услуги

Како да се подобрат здравствените и социјалните услуги на локално ниво е главната тема на меѓународната конференција „Health and Social Services – Challenges and Opportunities“, која се одржува во Прилеп. Настанот го

Коњановски: Ги усогласуваме активностите на службите пред зимската сезона

Општина Битола одржа работен состанок со претставниците на зимската служба за да ги усогласи активностите на надлежните претпријатија и институции пред почетокот на сезоната 2026/2027. На состанокот присуствуваа градоначалникот Тони Коњановски и
Go toTop