Божиновска за Емагазин: Ја реформираме регулацијата за поодржлива животна средина, додека ја правиме зелената енергија подостапна за домаќинствата

August 10, 2025
2 mins read

Серија на промени и новини во енергетскиот сектор го реформираат амбиентот за користење на обновливите извори на енергија и подигање на заштитата на животната средина. Новините се резултат на  активностите во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини од каде забележуваме засилена динамика на енергетските реформи и зајакнување на институционалната одговорност која директно влијае на граѓаните и локалните заедници. Програма за субвенции за ранливи категории потрошувачи на струја, проширување на можностите за искористување на соларната енергија кај домаќинствата, и рекордната наплата на концесии за минерални суровини се дел од прашањата за кои разговараме со министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

Министерке, програмата за 2025 година предвидува по 1 000 денари месечно за ранливи потрошувачи. Која е целта на оваа поддршка?

Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година е донесена врз основа на член 10 од Законот за енергетика и претставува еден од клучните механизми за обезбедување фер пристап до енергија. Од државниот буџет се обезбедени 42,3 милиони денари наменети за директна финансиска поддршка на граѓани што живеат во енергетска сиромаштија, особено оние кои користат гарантирана минимална помош, самохрани родители и домаќинства со лица со сериозни попречености. Ова е втора програма за заштита на ранливи потрошувачи годинава. Целта е јасна, ниту едно домаќинство кое се соочува со социјален или здравствен ризик да не остане без енергетска поддршка. Ова е чекор кон пофер, посоцијално и одржливо општество, каде што секој граѓанин има пристап до основните енергетски потреби.

 

Поддршката изнесува 1.000 денари месечно, односно во период од 12 месеци по поднесување на барањето за поддршката, фактурата за електрична енергија корисникот ќе ја добива намалена за 1.000 денари. Согласно условите за користење на оваа подршка, корисникот е обврзан редовно да ја плаќа фактурата. Аплицирањето се врши преку јавен оглас, кој е објавен на нашата веб-страница, а постапката на доделување на помошта е транспарентна — формиравме четири специјализирани комисии кои ќе ги разгледуваат барањата според видот на попреченост, а списокот на избрани корисници ќе биде јавно објавен. Покрај директната финансиска помош, Програмата предвидува и дополнителни мерки за олеснување на пристапот до енергија: ослободување од трошоци за повторно приклучување, приоритет во отстранување дефекти и забрана за исклучување во зимскиот период.

Оваа поддршка е дел од нашата обврска да обезбедиме енергетска праведност за сите.

Зошто го зголемивте лимитот за фотоволтаични системи кај домаќинствата од 6kW на 10kW и што се менува во постапката за поставување?

Сакаме да направиме вистински исчекор кон енергетска независност и реална демократизација на енергетскиот систем. Со измените на законот граѓаните добиваат можност да бидат активни учесници, а не само потрошувачи, и тоа е клучниот двигател за зелена и праведна енергетска транзиција. Важен чекор кон енергетска независност, а истовремено и можност за финансиски заштеди на ниво на домаќинство. Мерката е дел од пошироката стратегија за децентрализација на производството на електрична енергија.

Министерството сите закони ги подготвува на транспарентен начин и во комуникација со граѓаните и бизнис заедницата. Од нивна страна многупати се спомна да се зголеми лимитот за домаќинствата од 6kW на 10kW. Затоа, не само што го зголемивме лимитот за домаќинства кои користат обновливи извори на енергија 10 kW, туку и за компаниите е зголемен на 70 kW. Сега веќе зборуваме за сериозен производствен капацитет кој ќе се чувствува и во мрежата и во сметките на граѓаните.

Првпат во закон се воведува рок од еден месец за издавање дозвола за поставување фотоволтаици, а електродистрибутивната мрежа ќе мора во рок од 15 дена да одговори дали локацијата е приклучлива. Доколку не одговори, се смета дека има согласност. Целта е да нема административни блокади, туку да има јасни рокови, транспарентна процедура и брзина. Дополнително, се поедноставува и приклучувањето – ако првичната локација не е изводлива, операторот е должен да предложи алтернативна точка. Ова е сериозно олеснување што го скратува патот за инсталирање соларен систем од месеци – на неколку недели.

За нас е важно да ги интегрираме обновливите извори на енергија, и со тоа се намали зависноста од увоз и намалување на емисиите на CO₂ и други штетни гасови.  Законските измени се усогласени со ЕУ-директивите и се поддржани од Стратегијата за енергетска ефикасност и реновирање на јавни и станбени објекти.

Македонија веќе има над 1.000 MW инсталирана моќност од обновливи извори на енергија. Официјалните извештаи покажуваат дека за прв пат во државата е регистрирана поголема инсталирана моќност на фотоволтаичните електроцентрали, околу 28,40% во споредба со инсталираната моќност на хидроцентралите 24,13%. Односно повеќе од половина од расположливите енергетски капацитети во државава се од обновливи извори. Тоа не е само статистика – тоа значи дека чекор по чекор ја намалуваме потребата од РЕК Битола.

Целото интервју на emagazin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Активен еден пожар во Македонија

Следно

Јапонскиот вулкан Шинмоедаке еруптираше исфрлајќи пепел речиси 3,2 километри над кратерот

Latest from Blog

Пожар кај Долно Дупени – спасени куќите, огнот се шири кон непристапен терен

Попладнево изби пожар кај ресенското с. Д. Дупени, во близина на Преспанско езеро. Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов вели дека пожарникарите од ТППЕ Ресен успеаа да ги спасат викендиците и куќите од

Началникот на полицијата во Демир Хисар ќе биде разрешен заради непрофесионалност во случајот Лозановска

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време на претрес во Демир Хисар, констатираше непрофесионално и

Нето добивката на банките во Србија во првата половина од годината изнесуваше 775 милиони евра

Комерцијалните банки во Србија оствариле профит од 90,7 милијарди динари, или 775 милиони евра, во првата половина од 2025 година, објави „Данас“. Во споредба со првите шест месеци од минатата година, нето

Античкиот град Сиде – неизбежна станица за љубителите на археологијата и културниот туризам

СКОПЈЕ (АА) – Античкиот град Сиде, лоциран на јужниот брег на Турција, продолжува да биде едно од највпечатливите археолошки и туристички одредишта на Медитеранот, јавува Анадолу. Со постојаните инвестиции во заштита и

Ливерпул и Кристал Палас во битка за првиот трофеј во Англија

Англискиот Супер куп или популарниот „Комјунити Шилд“ попладнево се игра на Вембли. Во битката за првиот трофеј сезонава во англискиот фудбал играат шампионот Ливерпул и освојувачот на ФА купот. Кристал Палас. Ливерпул
Go toTop