Божиновска од Истанбул: Македонија и Турција отвораат нови можности за инвестиции во енергетиката

June 12, 2026
1 min read

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во Истанбул учествуваше на Бизнис форумот Северна Македонија – Турција, значаен економски настан посветен на продлабочување на билатералната соработка, привлекување инвестиции и отворање нови можности за партнерства меѓу компаниите и институциите од двете држави.

Форумот ги обедини претставниците на владите, институциите и бизнис-заедниците од Македонија и Турција, со цел унапредување на економските односи, зголемување на трговската размена и поттикнување на нови инвестициски иницијативи. На форумот учествуваше висока македонска владина делегација, предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во чиј состав се и ресорни министри од економската, енергетската и инфраструктурната област.

Во рамки на форумот, министерката Божиновска говореше на панел-дискусијата „Билатерална соработка во трговијата, индустријата, производството и синџирите на снабдување“, каде ги претстави можностите што ги нуди Македонија во секторите енергетика, рударство и минерални суровини, како и реформските процеси насочени кон создавање стабилна, предвидлива и конкурентна инвестициска клима.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во рамки на Македонско-турскиот бизнис форум во Истанбул, оствари билатерална средба со министерот за трговија на Република Турција, проф. д-р Омер Болат.

На средбата беше потврдена заедничката заложба за натамошно продлабочување на соработката меѓу двете пријателски земји, со посебен акцент на енергетиката, рударството, минералните суровини и привлекувањето нови инвестиции.

Средбата претставува уште еден значаен чекор во зајакнувањето на македонско-турските односи и потврда на заедничката определба за продлабочување на економската соработка, привлекување инвестиции и создавање нови можности за одржлив развој и просперитет на двете земји.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Игнасио Абате е нов тренер на тимот на Торино

Latest from Blog

Проданоски: Почнува изборот за најдобар наставник, воспитувач и неговател во Прилеп

Општина Прилеп ги објави јавните повици за доделување награди за најдобар наставник во одделенска и предметна настава во општинските основни училишта, најдобар наставник во средните општински училишта, како и за најдобар воспитувач

Можен договор со Иран и итно отвораењ на Ормускиот теснец уште викендов?

 Најновата порака е уште еден остар дипломатски маневар на Трамп, само три часа пред американските проектили да го започнат најавенот жесток бран напади врз Иран, кој самиот го објави вчера.  -Штотуку постигнавме

Димитриеска-Кочоска: Стабилните јавни финансии се темел на одржливиот економски развој

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска ги поздрави учесниците на регионалната работилница за размена на искуства и заемно учење во рамки на Програмата за управување со јавен долг и ризици (GDRM), чиј

Димитриеска-Кочоска: Македонија значително ги зајакна капацитетите за управување со јавниот долг

12 јуни 2026, Скопје – Министерството за финансии денеска беше домаќин на региионална работилница за размена на искуства и заемно учење во рамки на Програмата за управување со јавен долг и ризици
Go toTop