Скопје, 5 септември 2025 – Министерската за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, заедно со премиерот и колегите министри, присуствуваше на состанок посветен на реформската агенда за унапредување на европските интеграции на Македонија.

Божиновска истакна дека енергетиката е еден од клучните сегменти во процесот на усогласување со европските стандарди и дека токму таму Владата е фокусирана да испорача конкретни резултати.
„Стабилен и модерен систем, чисти извори на енергија и усогласување со европските стандарди – тоа е нашата цел. Вистински промени кои обезбедуваат сигурност, повисок стандард и иднина во Македонија,“ изјави министерката.

На состанокот беа разгледани реформските приоритети во повеќе области, при што беше нагласена важноста на енергетската транзиција како двигател на економскиот раст и интеграцијата во Европската унија.