Во Тирана затворена приватна клиника „Интернешнл Медикер“

September 5, 2025
1 min read

 Албанските власти ја затворија приватната клиника „Интернешнл Медикер“, во Тирана, дел од групацијата „Санте плус“, поради што на пациентите им се продавале лекови со поминат рок, не била пријавена добивка од речиси милион евра, а утврдено е дека дел од работниците биле без социјално осигурување.

– За време на акцијата „Биланс“, службите на Секторот за истраги на економски и финансиски криминал го уапсија администраторот на болницата Е. З. (62) години, и распишаа потерница против коакционерите на субјектот, турскиот државјанин Б. К. (45) години и албанската државјанка Г.А.(32), се наведува во полициското соопштение.

Според албанските медиуми, уапсен е Едмонд Заја кој фигурирал како администратор, кој всушност бил готвач и возач во компанијата, а вистински сопственик бил турскиот државјанин Билал Кара, а коакционер е Герина Арапи.

Во текот на неколкумесечниот истражен период, во координација со Обвинителството во Тирана, како и од извршените контроли во клиниката, утврдено е дека преку издавање неоданочени фактури е извршена даночна евазија во вредност од над 1.000.000 евра. Исто така, болницата користела сомнителни шверцувани лекови, забранети за употреба од надлежните органи, а дел вработените биле без осигурување, соопшти полицијата.

При полициската акција запленети се 100 блокови со нефискализирани сметки, 27 различни препарати за ботокс, филери и материјали користени при трансплантација на коса, најголемиот дел со истечен рок, како и шест компјутери што ќе бидат испратени на вештачење. Меѓу пронајдените медикаменти бил и антибиотикот „Рифоцин“, со истечен рок во мај 2025 година, кој се користи за тешки бактериски инфекции, како и „Гадовист“, со истечен рок уште во 2023 година. И двата, според полицијата, се користеле за инјекции, естетски интервенции и анестезија.

Полицијата наведува дека истрагата продолжува за идентификување на сите вклучени лица, како и за утврдување на последиците кои можело да им бидат нанесени на клиентите, албански и граѓани од соседните земји, поради користење на истечени медикаменти.

Билал Кара е почесен конзул на Македонија во Измир (Турција). Тој беше назначен за почесен конзул пред 2 години, со потпис на тогашниот министер за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи. Истовремено е и претседател на Советот за бизнис Турција-Северна Македонија при Советот за надворешни економски односи (ДЕИК) од 2018 година. Тој е и член на Стопанската комора Албанија-Турција, објави Шќиптарја.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Започна нова рунда преговори меѓу Иран и Меѓународната агенција за атомска енергија

Следно

Божиновска: Македонија со јасна енергетска визија на патот кон ЕУ

Latest from Blog

РЕЧЕНИЦИ КОИ МАЖИТЕ НЕ МОЖАТ ДА ГИ ПОДНЕСАТ: Неколку работи од кои им се „крева косата“

Постојат реченици кои се на врвот на списокот и кои можат, буквално, мажите да ги доведат до лудило. Мора да разговараме Мажите оваа фраза ја гледаат како навестување на можни проблеми. Дури

Сиљановска Давкова за извештајот на ЕК: Во извештаите техничката оценка понекогаш се презентира низ политичка призма

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска истакна дека во извештаите на Европската комисија, државата која се евалуира може технички да напредува, но политички да е блокирана или техничката оценка понекогаш се презентира низ

Тоневски: Нов почеток, нови идеи, нов развој на Пробиштип

Денес се одржа конститутивната седница на новиот состав на Советот на Општина Пробиштип, на која за претседател беше избран Бојан Серафимовски. Градоначалникот Тони Тоневски истакна дека со новиот состав се отвора нова

Коњановски: Гондолата на Пелистер е чекор поблиску до реализација

Потпишан е договорот за изработка на физибилити студијата за изградба на гондолската жичница на Пелистер, проект кој локалната самоуправа го оценува како стратешки за развојот на туризмот во Битола и регионот. Градоначалникот

Бесплатен влез за натпреварот Македонија – Летонија на арената „Тодор Проески“

Македонската А репрезентација во четврток, 13 ноември, со почеток во 18:00 часот, ќе го одигра последниот домашен натпревар оваа година. На Националната арена „Тодор Проески“, нашата најдобра селекција ќе одигра контролен натпревар
Go toTop