Борел: „Неподносливо е што се принудуваат цивилите да се евакуираат од Рафа во небезбедните зони“

May 12, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Шефот за надворешна политика на Европската Унија (ЕУ), Жозеп Борел, доцна синоќа ја осуди практиката на принудувањето на цивилите кон небезбедните области во Рафа како „неподнослива“, пренесува Анадолу,

Борел преку платформата X се осврна на ситуацијата во јужниот дел на Појасот Газа, каде Израел започна копнен напад.

„Неподносливо е што се принудуваат цивилите да се евакуираат од Рафа во небезбедните зони. Израел е обврзан со меѓународното право да ја осугура безбедноста на цивилите“, напиша Борел. „Продолжуваме да го повикуваме Израел да не продолжува со копнената операција во Рафа. Тоа дополнително ќе ја влоши и онака ужасната хуманитарна криза.“

На 7 мај, израелската војска започна копнен напад врз Рафа, преземајќи ја контролата на палестинската страна на граничниот премин Рафа што ја поврзува Газа со Египет.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Македонските институции – жртви на меѓународни хакери

Следно

Протести во Тел Авив, Израелците бараат ослободување на заложниците

Latest from Blog

Касами: Министерството за здравство останува кај Вреди, во моментов нема разговори за размена на ресори

И по излегувањето на Арбен Таравари од Владата, кој го имаше и министерското место за здравство, Биљал Касами изјави дека овој ресор останува кај ВЛЕН, јавува репортерот на ТВ21. Како што рече

Македонскиот оркестар FAME’S настапи на спектакуларната најава за првиот Дизниленд на Блискиот Исток во Абу Даби

Македонскиот оркестар, дел од проектот FAME’S, настапи на гламурозната свеченост по повод официјалната најава за изградба на првиот Дизни тематски парк на Блискиот Исток, кој ќе се наоѓа на островот Јас, Абу

Во Македонија се увезува сè – дури и месото

Македонија, иако традиционално аграрна земја, денес увезува околу 70 отсто од своите земјоделски производи. Долгогодишните слаби политики и недоволно ефективни мерки го ослабија домашното производство и ја направија земјата увозно зависна дури

Суд на ЕУ: ЕК ги прекршила правилата за транспарентност во врска со СМС пораките на Фон дер Лајен за Ковид вакцините

Европската комисија ги прекршила правилата за транспарентност на ЕУ со тоа што го одбила барањето на новинар за пристап до текстуалните пораки меѓу претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен и извршниот

Сестрата на Фросина најави протест  за денеска: Судот донесе одлука дека убиството во Македонија се исплаќа

Семејството на трагично загинатата Фросина Кулакова повика на нов протест утре во 17 часот пред Универзалната сала во Скопје. Овој повик доаѓа откако Основниот кривичен суд скопје денеска му досуди 12 години
Go toTop