Борел: Кина не може да се смета за закана за европската безбедност како што тоа е Русија

May 5, 2023
1 min read

РИМ (АА) – Високиот претставник на Европската Унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, рече дека Кина не може да се смета за закана за европската безбедност како што тоа е Русија, известува Анадолу.

Борел учествуваше на панелот „Состојбата на Унијата“ што Европскиот универзитетски институт во Фиренца го организира секоја година по повод одбележувањето на Денот на Европа – 9 Мај.

Високиот претставник рече дека зад себе оставиле многу тешка година поради војната во Украина.

Осврнувајќи се на различните перцепции и пристапи кон војната во Европа, Борел рече дека Европа ја сочинуваат различни нации, и дека е можно да постојат разлики во перцепцијата на војната во Украина.

Наведувајќи дека Европа треба да ги зголеми своите одбранбени капацитети и индустриско производство, Борел рече:

„Претседателот на Русија, Владимир Путин, продолжува да ја води оваа војна. Доколку не ја поддржиме, Украина ќе падне. Јасно е дека повеќе би сакале парите да ги трошиме на социјални услуги на нашите граѓани, но немаме друг избор.“

Што се однесува на војната во Украина, Борел нагласи дека единствен мировен план за Украина е оној на украинскиот претседател Владимир Зеленски.

Борел рече дека Пекинг би можел да има големо влијание врз Москва, и додаде дека телефонскиот разговор на кинескиот претседател Ши Џинпинг и Зеленски претставува позитивно придвижување.

Осврнувајќи се на односите меѓу ЕУ и Кина, Борел рече:

„Ние Европејците, иако сме поблиски со САД, треба да имаме свој начин на односи со Кина. Кина е земја која е конкурент на ЕУ, но во исто време не може да се смета за закана за европската безбедност како што тоа е Русија. Тоа никогаш не сме го кажале за Кина.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Акар: Турските сили во последните 3 дена неутрализираа 13 терористи на ПКК во северна Сирија и Ирак

Следно

Започна пролетна генерална акција за чистење на сите јавни паркиралишта

Latest from Blog

Нападот врз новинарите во Визбегово – Обвинителството поднесе обвинение против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против две лица поради попречување на работата на новинарите за време на известувањето за пожарот на депонијата во Визбегово. На 9 јули, на улицата „Индира Ганди“,

Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозјето според шеќерни единици, инспекции кај откупувачи, субвенции за модернизирање за намалување на трошоците за производство

„По објавувањето на цените за килограм грозје, иако овие цени се највисоки досега, револтот кај лозарите е очигледен, бидејќи овие цени не соодветствуваат со трошоците за производство на килограм грозје. Цените на

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро
Go toTop