Борел: ЕУ ги отфрла обидите за давање легитимитет на т.н. Турска Република Северен Кипар

November 8, 2024
1 min read

Европската унија ги отфрла постојаните обиди на Организацијата на туркофонските држави за давање легитимитет на „сецесионистичкиот ентитет на кипарските Турци“, т.н. меѓународно непризната Турска Република Северен Кипар, за време на нејзиниот последен Самит што се одржа во Бишкек, порача високиот претставник за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел. 

– Изразуваме жалење за ваквите обиди кои се во спротивност со принципот за почитување на територијалниот интегритет содржан во Повелбата на ОН, додава Борел во писмената изјава. 

Тој натаму потенцира дека ЕУ повторува оти како субјект на меѓународното право во согласност со соодветните резолуции на Советот за безбедност на ОН, ја признава само Република Кипар. 

Организацијата на туркофонските држави, која е формирана во 2009 година, во 2022 година и додели статус на набљудувач на т.н. Турска Република Северен Кипар. 

Членки на Организацијата се Азербејџан, Казахстан, Киргистан, Турција и Узбекистан, а Туркменистан, Унгарија и централно азиската Организација за економска соработка имаат статус на набљудувачи. 

Турска Република Северен Кипар е прогласена на 15 ноември 1983 година, како наследничка на т.н. Турската Федерална Држава Кипар, формирана во 1975 година на територијата на Кипар под турска контрола. Турските сили презедоа контрола над северниот дел на Кипар во летото 1974 година, откако во Никозија беше извршен воен удар и воената хунта што ја сочинуваа етнички Грци најави план за припојување на островот кон Грција.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Почина поранешниот функционер Тахир Хани

Следно

ДКСК бара поништување на одлуките за назначување на членови на УО на АСЈО од Судски совет и Совет на јавни обвинители

Latest from Blog

Иранскиот претседател објави прекин на соработката со МААЕ

ИСТАНБУЛ (АА) – Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денес објави дека неговата земја ја прекинува соработката со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), објавија официјалната „Прес ТВ“ и новинската агенција „Мехр“, пренесува Анадолу.

Битолчанка измамила 64-годишник за 22 500 евра – се преставувала како вработена во МВР и ветувала вработување на неговиот син

СВР Битола до Основното јавно oбвинителство Битола поднесе кривична пријава против М.Л.(43) од Битола поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „измама” по чл.247 од КЗ. Имено, пријавената во временскиот

Пофалби и опомени од ОН: Македонија треба поцврсто да ги штити мигрантите и новинарите

Комитетот за човекови права при Обединетите нации го заврши разгледувањето на четвртиот периодичен извештај на Северна Македонија за спроведувањето на Меѓународната конвенција за граѓански и политички права. Експертите ја поздравија посветеноста на

Пожарот кај валандовско Грчиште се уште не е ставен под контрола, вчера полесно повредени двајца вработени во „Македонски шуми“

Пожарот кој избувна вчера попладне околу 14 часот во непосредна близина на валандовско Грчиште и се закануваше да ги зафати првите куќи во селото, се уште не е ставен под контрола. Според

Импресивна тајмлапс-снимка од полумесечината над џамијата Фатих во Истанбул

СКОПЈЕ (АА) – Полумесечината над Истанбул е снимена преку тајмлапс-снимка, создавајќи впечатлива глетка заедно со историската џамија Фатих во прв план, јавува Анадолу. Снимката ја прикажува месечината како се спушта зад куполите
Go toTop