Блинкен на дипломатска турнеја по Блискиот Исток

January 30, 2023
1 min read

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во Каиро разговараше со египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси за смирување на израелско-палестинските тензии, по што ќе отпатува во Ерусалим и Рамала.

Посетата на Израел, планирана многу порано, доби поинаков тон со избувнувањето на новата спирала на израелско-палестинско насилство што досега меѓународните повици за смирување не успеаја да го запрат.

Египетскиот претседател Ал Сиси, незаменлив учесник во посредувањето во израелско-палестинскиот конфликт, го прими Блинкен во Каиро. Тие разговараа за тековните напори за деескалација на тензиите меѓу Израелците и Палестинците, соопшти портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс, нагласувајќи ја важната улога на Каиро во „промовирање на регионалната стабилност“.

Блинкен, по денешната посета на Каиро, ќе отпатува во Израел каде ќе се сретне со премиерот Бенјамин Нетанјаху, а потоа и во Западниот Брег на средба со палестинскиот претседател Махмуд Абас.

Блинкен за саудиската телевизија Ал Арабија изјави дека сака да разговара со израелската влада и со лидерите на палестинските власти. – Сакам да слушнам што имаат да кажат луѓето кои се погодени секој ден (од конфликтот), рече Блинкен.

По разговорот со Ал Сиси, Блинкен во Каиро се сретна со шефот на египетската дипломатија Самех Шукри.

Иако САД и Египет се важни дипломатски актери, експертите сметаат дека просторот за маневрирање на американскиот државен секретар е ограничен.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Арсовска разрешна од позицијата претседател на ЗЕЛС

Следно

Приватните автобуски превозници најавуваат нови блокади

Latest from Blog

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:

Силен земјотрес во близина на Закинтос

Во морскиот дел југозападно од грчкиот остров Закинтос беше регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер, а не се пријавени повредени лица или причинета материјална штета, јави дописничката на МИА

ОН: Израелското ограничување на влезот на хуманитарна помош во Газа „загрозувачко по живот“

ХАМИЛТОН (АА) – Обединетите нации (ОН) денес предупредија дека израелските ограничувања за влез на хуманитарната помош во Појасот Газа, вклучително и испораката на гориво, ставаат во опасност безброј животи, јавува Анадолу. „Ваквите
Go toTop