Бислимоски: Војната меѓу Израел и Иран ќе влијае врз цената на нафтата и во Македонија

June 13, 2025
1 min read

Војната меѓу Израел и Иран ќе има влијанија врз цената на нафтата и во Македонија, смета претседателот на Регулаторната комисија за енергетика водни услуги  и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) Марко Бислимовски, но не очекува влијание на цените на останатите продукти.

По ноќешните напади на Израел врз Иран, тој посочи дека утрово цената на светските берзи на бренд нафтата била зголемена за десеттина долари. Зголемувањето, според Бислимовски, е шест-седум долари. 

– Апсолутно ќе има влијанија, да видиме како ќе се одрази во следните денови. За следната недела не верувам дека ќе има некое драстично влијание кога ќе ја носиме одлуката, но понатаму доколку продолжи ваквиот тренд на високи цени на нафтените деривати. Апсолутно дека ќе има влијание и на цената која што ќе ја плаќаат корисниците во Македонија, изјави денеска Бислимовски пред обраќањето на панел сесијата „Енергетска ефикасност и интеграција на обновливи извори на енергија во комуналниот сектор“ во рамки на меѓународната конференција „Иднината на комуналниот сектор“, што се одржува во Охрид.

Изрази надеж дека по пикот цените ќе се стабилизираат, посочувајќи го примерот со војната во Украина кога цената на дизелот достигна 110 долари по барел.

– Се надеваме дека ова ќе биде само еден пик и понатаму ќе се стабилизираат цените, како што беше тоа случај кога почна војната во Украина, имаше пик па се стабилизира и во последните неколку месеци тие се движеа меѓу 65 и 68 долари за барел. Сега имаме прв пат ситуација утрово цената да е 78 долари за барел, но да се надеваме дека тоа ќе биде само еден пик, рече Бислимовски. 

Тој потсети на поскапувањата  на повеќето продукти со зголемувањето на цената на нафтата при почетокот на војната во Украина и оти со намалувањето на нафтените деривати не ги вратија назад.

– Кога зборуваме за цените на нафтените деривати, дизелот кога беше 110 долари беше причина за голем број поскапувања. Денеска цената на дизелот е 66-67 денари, а цените на производите кои тогаш се покачија не се вратија назад. Не верувам дека тоа ќе има драматично влијание на останатите продукти коишто се користат во Македонија, заклучи претседателот на РКЕ.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Почнува уписот во средните училишта за 2025/2026 – од утре прво електронско пријавување во јуни

Следно

Сиљановска Давкова спремна за разговор со бугарскиот премиер на Самитот во Хаг

Latest from Blog

Две 45-годишни лица од Гевгелија пронајдени починати во ист ден во своите домови

Министерството за внатрешни работи во својот дневен билтен соопшти дека во Гевгелија вчера биле пронајдени две починати лица на 45 години. Биле пронајдени во своите домови во различно време. Првиот во 11:20

Меџити најави две нови модерни градинки во Чаир

За време на свеченото отворање на градинката „Бамби“ во Чаир, првиот заменик-претседател на Владата, Изет Меџити, ја истакна важноста на овој објект, кој се смета за најголем, најсовремен и најатрактивен во Македонија.

Никола Ристаноски ќе одржи мастерклас на фестивалот „Дрим шорт“ во Струга

Со мастерклас на бардот на македонското и балканско глумиште, Никола Ристановски денеска продолжува вториот ден од фестивалот за краток филм „Drim Short 2025“. Во рамките на програмата, како што соопшти организаторот, предвидени

„Визер“ авион се врати на скопскиот аеродром по удар во јато птици

Авион од типот „Ербас А320-232“ на авиокомпанијата „Визер“ во средата попладне, непосредно по полетувањето од Меѓународниот аеродром Скопје кон Базел, се вратил и слетал поради удар во јато птици. Инцидентот се случил
Go toTop