Билд: Најоптоварени со баратели на азил се Грција, Кипар, Германија и Австрија, според доверлив документ

March 25, 2023
1 min read

Грција, Кипар, Германија и Австрија прифаќаат несразмерно голем број баратели на азил во однос на нивната популација, покажуваат податоците од доверлив документ, објавен од весникот Билд.

Грција засолни 6,81 отсто од мигрантите во однос на нејзината популација, додека според „фер распределбата“ во рамките на Европската Унија, има право на 1,9 отсто. Кипар прифаќа 1,36 отсто од барателите на азил, иако тоа треба да биде 0,18 отсто. На врвот на објавената листа е Германија, која прифаќа 35,42 отсто од сите пријавени, иако тој процент би требало да изнесува 22,05 отсто. Австрија, пак, се соочува со 4,85 отсто, додека би требало да се ограничи на 2,46 отсто.

Според информациите на германскиот весник, Холандија, која е дом на 0,64 отсто азиланти кога би требало да биде 1,64 отсто, настојува да спроведе правило за распределба врз основа не на населението на секоја земја, туку на нејзината економска сила. Еден од највпечатливите примери во овој поглед е Полска, која дава засолниште за 0,86 отсто, додека треба да ги прифати барањата на 6,25 отсто од барателите на азил (врз основа на критериумот за население).

Грчкиот министер за миграција и азил Панајотис Митаракис истакнува дека „во првите месеци од 2023 година, пристигнувањата се зголемени за 177 отсто во споредба со претходната година, а ако се погледне бројот на нови мигранти од јануари 2022 до јануари 2023 година е уште подраматично – зголемувањето е 278 проценти“. Затоа Митаракис бара сеопфатна помош од ЕУ, особено во регионот погоден од земјотресите во Турција, за да се спречи натамошниот миграциски притисок од тој регион.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Бугарските овчари ќе протестираат против македонското јагне

Следно

Ѓорѓиевски: Лицата со церебрална парализа заслужуваат општество со еднакви можности

Latest from Blog

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево

Мицкоски од Струмица: Почнавме не од нула, туку од минус – не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели!

„Секој почеток е тежок, но нов почеток – по години тишина, разочарување и неправда – е уште потежок“, порача премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица, под слоганот „Една година ги градиме

Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори. Се очекува Наќева Ружин да ја продолжи активната и влијателна улога на Советот во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот
Go toTop