Билансот на убиени во Газа достигна 42.438, израелските сили убија уште 29 Палестинци

1 min read

АНКАРА (АА) – Најмалку уште 29 Палестинци се убиени во израелските напади во Појасот Газа, со што билансот на загинати од 7 октомври минатата година достигна 42.438, соопшти денес Министерството за здравство во Газа, јавува Анадолу.

Министерството додаде дека во нападите повредени се најмалку 99.246 Палестинци.

„Израелската окупација во изминатите 24 часа изврши два масакри на семејства во Газа, убивајќи 29 лица, а 93 се повредени“, соопшти Министерството.

„Многу луѓе сè уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив“, додаде Министерството.

Непочитувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации која повикува на итен прекин на огнот, Израел ја продолжи својата брутална офанзива врз Појасот Газа по нападот на палестинската група Хамас на 7 октомври 2023 година.

Израелската офанзива го расели речиси целото население на територијата, а тековната блокада доведе до сериозен недостиг на храна, чиста вода и лекови.

Напорите за посредување предводени од САД, Египет и Катар за постигнување договор за прекин на огнот во Газа и размена на заробеници меѓу Израел и Хамас не успеаја поради одбивањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да стави крај на војната.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите акции во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

Претходно

Велковски: Наша обврска е да се грижиме за бездомните лица

Следно

Светислав Пешиќ сепак останува селектор на Србија

Latest from Blog

Швјонтек има нов тренер

Најдобрата светска тенисерка Ига Швјонтек објави денеска дека го ангажирала белгискиот тренер Вим Фисет, познат по