Бикнијус: Нема непосредни докази дека експлозијата на гасоводот што ги поврзува Литванија и Летонија е резултат на напад

January 13, 2023
1 min read

Извршниот директор на „Амбер Грид“, компанијата задолжена за транспорт на гас од Литванија, Немунас Бикнијус, денеска соопшти дека нема непосредни докази дека експлозијата на гасоводот што ги поврзува Литванија и Летонија е последица на напад.

– Според првичната проценка, не гледаме напад како причина за експлозијата, но истрагата ќе ги вклучи сите можни опции, рече Бикнеус на прес-конференција.

Пожарот што избувна по експлозијата е изгаснат и повторно е воспоставен транспортот на гас за Летонија.

На снимката која ја објави литванската телевизија ЛРТ може да се види дека има пожар на местото на експлозијата во областа Паневезис во северна Литванија. Огнот можеше да се види на растојание од најмалку 17 километри, објави претходно ЛРТ.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Суспендирани командирот и четворицата полицајци кои го спроведувале Беким Мемети

Следно

Саботно џез-матине на Скопскиот џез фестивал

Latest from Blog

Серхио Љуљ пред нов потпис

Легендарниот шпански кошаркар, Серхио Љуљ (37), засега не планира да се пензионира, бидејќи ќе продолжи да игра за Реал Мадрид и следната сезона. Се очекуваше да ѝ стави крај на кариерата по

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се
Go toTop