Бериша: За 10 години Албанија ја напушти 45 отсто од популацијата поради нарко диктатурата

July 2, 2025
1 min read

Лидерот на најголемата албанска опозициска Демократска партија и поранешен премиер, Сали Бериша во обраќањето на Парламентарното собрание на ОБСЕ, што се одржува во Порто, Португалија изјави дека за една деценија 45 отсто од популацијата на Албанија ја напуштиле земјата.

Зборувајќи за, како што ја нарекол „драма на депопулација на Албанија и нарко растот на економијата“ оцени дека „во демографскиот контекст, Албанија имаше најдраматични случувања во периодот 2014 – 2024 година“.

– Во овој период, мојата нација изгуби повеќе луѓе од која било друга нација, дури и од земји во војна или во регионални или глобални граѓански конфликти. Дури 45 отсто од Албанците ја напуштија Албанија во текот на овие 10 години. Причината за таков катастрофален демографски удар е нарко диктатурата, посочи Бериша.

Тој повтори дека „Албанија е првата и единствена нарко диктатура во Европа, но за жал, според него „ова сè уште не е добро признато како факт“.

– ОН пред неколку месеци објави дека Албанија е земјата со најголем пад на наталитетот во светот, поради емиграцијата. Статистиката од мојата земја покажува дека стапката на наталитет денес е таму каде што беше пред 100 години, изјави Бериша.

Според него, во многу сектори забележан е пад, но, „постои сектор кој ја одржува највисоката стапка на раст во Европа, а тоа е градежништвото“.

– Ако го погледнете Евростат, ќе откриете дека индексот на градежништвото во Тирана е трипати повисок од просечниот индекс на градежништвото во ЕУ. Ова се градби на трговија со дрога. Сите овие кули се споменици на дрогата и корупцијата. Следната жртва се изборите, за кои зборував утрово. Ова се факторите што ја уништуваат мојата нација, како првата и единствена нарко диктатура во Европа, заклучи Бериша.

Демократска партија на Бериша не ги призна и резултати од пописот во 2023 година, оценувајќи ги како фалсификат, дека во земјата има 2,4 милиони жители, туку еден милион помалку. (МИА)

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

СДСМ објави нови 11 кандидати за градоначалници, во Струмица наместо Костадинов ќе се трка Даскаловски

Следно

Мартин Костовски е кандидат за градоначалник на Куманово од СДСМ

Latest from Blog

Тошковски од Мала Преспа: македонскиот дух тука живее силно и гордо

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков се во посета на македонците во Мала Преспа каде присуствуваат на фестивалот

СДСМ објави нови 11 кандидати за градоначалници, во Струмица наместо Костадинов ќе се трка Даскаловски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција објави уште неколку имиња на кандидати за градоначалници на партијата за претстојните локални избори. Прашан зошто актуелниот струмички градоначалник Костадин Костадинов нема да бара

Во Ирак се одржа Фестивал на убавина за мачки

СКОПЈЕ (АА) – Во организација на Кралската ветеринарна болница, во ирачкиот град Сулејманија денес се одржа второто издание на Фестивалот на убавина за мачки, каде што љубителите на мачки се собраа за

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со новите предлог кандидати за градоначалници најави дебакл на изборите

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДСМ вечерва со новите предлог кандидати за градоначалници најавила дебакл на изборите.  „Кандидатите на СДС се луѓе кои немаат рејтинг во своите општини, луѓе на Заев луѓе кои
Go toTop