Бербок во ненадејна посета на Харков

January 10, 2023
1 min read

Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок денеска престојуваше во ненадејна посета на Харков, во североисточниот дел на Украина. Тоа е прва посета на висок функционер од една западна земја на тој град во близина на руската граница, соопшти германскoтo Министерството за надворешни работи.

Бербок пристигна во Харков на покана на нејзиниот украински колега Дмитро Кулеба. Таа рече дека украинското население може да смета на солидарноста и поддршката од Германија.

– Овој град е симбол на апсолутното лудило на руската агресивна војна во Украина и бескрајното страдање со кое луѓето, особено овде на истокот на земјата, секојдневно се соочуваат, рече Бербок.

Од безбедносни причини, нејзината посета била обелоденета додека таа била во возот кој се враќал од Украина за Германија.

Многу западни лидери престојуваа во Украина од почетокот на руската инвазија на 24 февруари, вклучително и германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон. Но, никој не престојувал толку далеку на исток, каде руските сили зазедоа делови од украинската територија.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Шефицата на германската дипломатија во ненадејна посета на Харков

Следно

Започна средбата во Тирана, Ахмети во придружба на Груби

Latest from Blog

Нападот врз новинарите во Визбегово – Обвинителството поднесе обвинение против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против две лица поради попречување на работата на новинарите за време на известувањето за пожарот на депонијата во Визбегово. На 9 јули, на улицата „Индира Ганди“,

Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозјето според шеќерни единици, инспекции кај откупувачи, субвенции за модернизирање за намалување на трошоците за производство

„По објавувањето на цените за килограм грозје, иако овие цени се највисоки досега, револтот кај лозарите е очигледен, бидејќи овие цени не соодветствуваат со трошоците за производство на килограм грозје. Цените на

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро
Go toTop