Бербок: Светот го повикува Путин да не прибегнува кон нуклеарни закани

February 21, 2023
1 min read

Шефицата на германската дипломатија, Аналена Бербок, денеска изјави дека светската заедница повеќе пати го повикуваше рускиот претседател Владимир Путин да не прибегнува кон нуклеарни закани во конфликтот со Западот поради војната во Украина.

Говорејќи за време на посетата на областа на Турција уништена од неодамнешните земјотреси, Бербок, исто така, кажа дека одлуката на Путин да го суспендира важниот договор за контрола на нуклеарното вооружување „Нов СТАРТ“ ја нагласува важноста на чекорите кон нуклеарно разоружување, јавија британските медиуми.

Путин претходно денеска, во говорот по повод годишнината од руската воена операција во Украина, кажа дека Русија го суспендира учеството во договорот „Нов СТАРТ“, последниот голем договор за контрола на оружјето меѓу Москва и Вашингтон.

Освен тоа, тој во денешното обраќање пред Сојузното собрание за состојбата на нацијата кажа и дека Русија направила се за да ги реши проблемите во Донбас со мирни средства, но дека зад нејзиниот грб се подготвува поинакво сценарио.

Според него, Русија искрено се стремела кон мир, а застапувањето на Западот за мир било лажно.

-Киев имаше разговори со Западот за набавка на оружје пред почетокот на воената операција во Украина, рече рускиот претседател.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Блинкен: Неодговорна е одлуката на Русија да го суспендира учеството во Договорот за намалување на стратегиското оружје

Следно

Претседателот Пендаровски во посета на Штип и Свети Николе

Latest from Blog

Мел Гибсон – холивудски заводник и бестрашен акционен херој, а зад камерата посветен татко на девет деца

Еден од највлијателните актери и режисери во современата филмска индустрија, Мел Гибсон, често е во фокусот на јавноста поради својата кариера, но и поради богатиот и комплициран семеен живот. Иако наскоро ќе

Со концертот „Бесмртна“: Бојана Скендеровски заокружи едно животно и уметничко поглавје

Вчеравечер во Филхармонија не се одржа само концерт, вчеравечер се случи едно долго чекано признание… Признание на времето, на истрајноста и на сонот што тивко растел, цели 23 години. Бојана Скендеровски конечно

Бројот на жртви во нападот во Сиднеј се искачи на 16 лица – напаѓачите биле татко и син

Полицијата во Нов Јужен Велс потврди дека 16 лица, вклучувајќи го и еден вооружен човек, се убиени во пукотница на плажата Бонди во Сиднеј. Другиот напаѓач е во критична состојба. Полицискиот комесар
Go toTop