Белорускиот суд ја осуди опозициската лидерка Светлана Тихановскаja на 15 години затвор

March 6, 2023
1 min read

Тихановскаja, на која ѝ се суди во отсуство, побегна од Белорусија откако се кандидира за претседател во 2020 година против актуелниот лидер Александар Лукашенко

Белорускиот суд ја осуди лидерката на опозицијата во егзил Светлана Тихановскаja на 15 години затвор, јави државната новинска агенција Белта, пренесува Дојче веле.

Тихановскаja, на која ѝ се суди во отсуство, побегна од Белорусија откако се кандидира за претседател во 2020 година против актуелниот лидер Александар Лукашенко.

По изборите, следуваа масовни протести, при што опозицијата и западните влади тврдеа дека гласањето било наместено.

Демонстрациите беа најголеми и најдолги откако Лукашенко дојде на власт во 1994 година. Режимот започна брутална акција против демонстрантите и повеќе од 35 000 луѓе беа приведени.

На Тихановскаja ѝ се судеше заедно со уште четворица опозиционери, исто така во отсуство.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Оставен отпад на паркинзи и зелени површини во Ново Лисиче

Следно

Али Хаменеи: Труењето на ученички во Иран е „непростлив криминал“

Latest from Blog

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и
Go toTop