Барселона по 12-ти пат е шампион на Европа во ракомет, денеска Каталонците во драматичното финале во Келн го добија Алборг со 31-30.
Микел Хансен имаше шанса да го однесе натпреварот во продолженија со последниот шут, но топката заврши во пречката, па Барселона ја прослави победата.
Со ова Данецот ја завршува богата клупска кариера без титула во Лигата на шампиони.
Мелвин Ричардсон со 8 голови и Дика Мем со седум беа најефикасни во редовите на Барселона, додека кај данскиот состав Микел Хансен имаше осум погодоци.
Извор: kurir.mk