Барса официјално го потврди Ханси Флик за наследник на избрканиот Чави!

May 29, 2024
1 min read

Германскиот стратег, Ханси Флик, денеска и официјално беше промовиран како нов тренер на Барселона, каде што ќе го замени Чави, кого Каталонците прво го молеа да остане, а потоа го отпуштија.

Станува збор за 59-годишен германски стручњак, кој потпиша договор до летото 2026 година, а на клупата го наследи Чави, кого Каталонците прво го молеа да остане, а потоа му врачија отказ. Флик е назначен за нов тренер зашто негува висок пресинг, интензивен и смел стил на игра што му донесе голем успех на клупската и меѓународната сцена, се вели во соопштението на каталонскиот клуб.

Германецот ја започна својата тренерска кариера како играч-тренер во 1996 година, а четири години подоцна го презеде Хофенхајм. каде што остана пет сезони пред да се пресели во Салцбург каде беше член на стручниот штаб. Во 2006 година стана помошник тренер на Јоаким Лев во германската фудбалска репрезентација и заедно играа финале на Евро 2008, полуфинале на СП 2010, полуфинале на ЕП 2012, а потоа две години подоцна ја освоија светската титула во Бразил.

Тој во 2017 година се врати во Хофенхајм како спортски директор, а две години подоцна пристигна во Баерн, каде ја имаше улогата на помошник на Ники Ковач. Откако поранешниот хрватски селектор доби отказ, Флик беше промовиран во тренер на првиот тим. Сезоната ја заврши со освојување на тројната круна, а посебно за паметење е неговото уништување на Барселона (8-2) во Лигата на шампионите.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

СЕ РАДУВАМ ШТО МОИТЕ ФИЛМОВИ ТРААТ ВО ВРЕМЕТО, РЕЧЕ РЕЖИСЕРОТ СТОЛЕ ПОПОВ, ПРИМАЈЌИ ЈА НАГРАДАТА ЗЛАТЕН ОБЈЕКТИВ ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО

Следно

ВИДЕО: Кое презиме ќе го носи, но и кој го фати бидермаерот на Анастасија Ражњатовиќ

Latest from Blog

ДЗР: Од 34 општини, гуп-овите на 22 не го исполнуваат стандардот за озеленетост од 25 м2 по глава на жител

Од 34 дури 22 oпштини не го исполнуваат препорачаниот стандард за зеленило од 25 метри квадратни по глава на жител. Ова го покажува најновиот извештај на Државниот завод за ревизија на тема

Генералниот секретар на НАТО, Руте: Турција е цврст и способен сојузник

ИСТАНБУЛ (АА) — Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ја нарече Турција цврст и способен сојузник, по средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во турската престолнина Анкара, јавува Анадолу. „Разговаравме и

Кривична пријава против измамник од Скопје, измамил две лица за над 100.000 евра

СВР Куманово  поднесе кривична пријава против Ф.С.(35) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело “измама” по член 247 од Кривичниот законик. Имено, Ф.С. како вработен во приватна фирма
Go toTop