Балансерот укинат, а 20% за албанскиот јазик?! – Мицкоски: Го оставаме во рацете на Уставен суд

November 6, 2024
1 min read

Укинувањето на балансерот е направено, како што вети во текот на предизборната кампања ВМРО-ДПМНЕ, но во текот на кампањата на нивниот владин партнер, коалицијата ВРЕДИ, рекоа дека од Уставот ќе се избрише и терминот 20% за албанскиот јазик. Вицепремиерот Арбен Фетаи, прашан за ова, рече дека кога ќе се отвори Уставот ќе се обидат максимално да го избиршат и 20%.

„Ние постојано имаме кажано како АА и Коалиција ВРЕДИ за укинувањето на 20% за албанскиот јазик во Уставот. Верувам дека во првиот момент кога ќе се отвори Уставот за потребните измени за продолжување на европскиот пат за нашата земја, ќе направиме максимални напори конечно да се регулира и прашањето на дифиницијата 20% за албанскиот јазик во Уставот“, вели Арбен Фетаи.

Го прашавме и премиерот Хрситијан Мицкоски, кој во кампањата имаше изјавено дека македонските граѓани треба да се чувствуваат еднакви, а не како бројка. Тој рече дека оваа работа ќе ја остави во рацете на Уставниот суд, негирајќи дека слушнал за заложбата на владиниот партнер ВРЕДИ за 20%.

Законот за употреба на јазиците се однесува на јазикот што ги зборува заедницата која е над 20% во Македонија. Единствената заедница која го достигнува овој процент е албанската, но Законот не го спомнува тоа, а се нарекува „јазик што го зборуваат 20% од една етничка заедница“. Често се споменуваше од политичарите дека тоа треба да се смени во Уставот, да стои „албански јазик“, а не „јазик на 20%“, но досега ништо не е направено.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

Мисајловски за победата на Трамп: Навистина една голема победа, целиот свет го очекуваше овој ден

Следно

АлсатМ: Судскиот совет донесе одлука за утврдување одговорност за судијата Пајазит Пајазити

Latest from Blog

Промоција на Практикум за превентивна борба против корупцијата во правосудството и администрацијата

Во Скопје денеска ќе биде промовиран Практикум за превентивна борба против корупцијата во правосудството и администрацијата од авторот Зоран Петковиќ – Бакли, истакнат стручњак од практиката за изведување на клиничка настава по

Ќе се вози и саботна трка во Ф1

Трката за Големата награда на Азербејџан во Формула 1 следната година ќе се одржи во сабота, а не во недела, како што е вообичаено. Светската автомобилска федерација (ФИА), заедно со челниците на

Алчинов во Отворено: За да се направи пат до хидроелектраната на река Дошница ќе треба да се исечат 1000 хектари шума

Кристијан Алчинов од „Спас за нас“ во Отворено рече дека законот за хидроелектрани е склопен во полза на инвеститорите. Според него, за изградба на една хидроелектрана на реката Дошница ќе треба да

Елиминирана шампионката на Ролан Гарос

Актуелната шампионка на Ролан Гарос Американката Коко Гоф е елиминирана во првото коло на Вимблдон. За изненадувањето се погрижи 25-годишната Украинка Дајана Јастремска, која со 2:0 во сетови (7:6(3) и 6:1) ја
Go toTop