Бакраческа: Наместо исполнување на ветувањата од власта досега има менување на министри, највисока инфлација и катастрофален стандард

February 20, 2023
1 min read

СДСМ и ДУИ администрацијата ја користат за вработување на партиски војници. Има превработеност во јавниот сектор, и згора на се се вработуваат нови кадри. Ова донесе неквалитет, неажурност и се создава нефункционалност. Таа неефикасна администрација беше одговорна за ненабавување на лекот за цистична фиброза, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Грација Бакраческа на денешната собраниска седница.

Таа посочи дека ФЗО не функционира, а од власта не се загрижени дека нема лекови за граѓаните, немаше плати за здравствените работници.

– Шеста година власт, наместо исполнување на ветувања има само менување на министри и влошување на инфлација и катастрофален животен стандард. Се повеќе се поставува прашање дали смената на министри може да помогне за подобро функционирање на владата ако се има предвид дека и остануваат неколку месеци до крај. Државата никогаш немала повисока стапка на јавен долг и инфлација. Само празни ветувања и неспособни кадри кои гледаат да го наполнат сопствениот џеб, рече Бакраческа.

Таа истакна дека народот се бори за егзистенција, а власта е полна со корумпирани политичари кои ја донесоа Македонија во бездна.

– Младите, но и повозрасните масовно почнаа да се иселуваат. Само во првото полугодие се испишале повеќе од 670 ученици. Македонија се празни и тоа е алармантно. Ретко кој од младите не планира да замине од државата. СДСМ и ДУИ предизвикаа огромно незадоволство и разочараност како и беспрективност со катастрофално образование, нагласи Бакраческа.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Шведската воена разузнавачка служба тврди дека се засилува руската воена закана

Следно

Два силни земјотреси вечерва повторно ја затресоа Турција

Latest from Blog

Мицкоски со порака: Ние ќе продолжиме да работиме, да се бориме и на крај ќе победиме

Премиерот Христијан Мицкоски објави видео од настанатите пожари кои избувнаа викендов. Воедно Мицкоски упати порака: „Она што се случуваше летото и со кое успешно се справивме, ќе продолжи, затоа што некој има

Фото: Супер провокативно издание на Марго Роби, гол грб и проѕирен фустан

Добитничката на Оскар, убавата актерка Марго Роби на промоцијата блесна во проѕирен фустан од колекцијата„ Armani Prive“ пролет 2025. Ова е едно од нејзините први јавни појавувања откако стана мајка минатата есен,

Алкараз со дабл учинок: МУ ГО ЗЕМА НА СИНЕР И ЛИДЕРСТВОТО И ДЕВОЈКАТА… Битката продолжува

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз има нова девојка. Станува збор за моделот Брукс Надер кој во последно време е тема на светските медиуми – сега знаеме зошто… Други вести ја потврдуваат првата: Брукс
Go toTop