Бајден потпиша закон со кој се декласифицираат документите за потеклото на ковид-19

March 21, 2023
1 min read

Бајден рече дека ја поддржува целта на Конгресот да објави што е можно повеќе информации за потеклото на коронавирусот, но додаде дека неговата администрација ќе ја има на ум националната безбедност кога ќе одлучува кои информации ќе бидат објавени

Минатиот месец директорот на Федералното биро за истраги (ФБИ), Кристофер Вреј, изјави дека Бирото проценило оти ковид-19 најверојатно потекнува од лабораторија во Вухан – градот од каде што вирусот започна да се шири, по што прерасна во глобална пандемија

Американскиот претседател Џо Бајден потпиша закон со кој се бара од директорката на Националната разузнавачка служба да ги декласифицира документите поврзани со потеклото на ковид-19, објави Белата куќа.

Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Бајден рече дека ја поддржува целта на Конгресот да објави што е можно повеќе информации за потеклото на коронавирусот, но додаде дека неговата администрација ќе ја има на ум националната безбедност кога ќе одлучува кои информации ќе бидат јавно објавени.

„При спроведувањето на оваа легислатива, мојата администрација ќе декласифицира и ќе сподели што е можно повеќе од овие информации, во согласност со моето уставно овластување да го заштитам откривањето на информации што би ѝ наштетиле на националната безбедност“,

рече Бајден.

Пред да биде испратен во Белата куќа, предлог-законот беше усвоен во Сенатот и во Претставничкиот дом на САД.

Во Вашингтон се дебатира за потеклото на пандемијата со коронавирусот уште откако беа пријавени првите позитивни ковид-случаи во кинескиот град Вухан кон крајот на 2019 година.

Дебатата на оваа тема уште повеќе се поттикна минатиот месец, кога директорот на Федералното биро за истраги (ФБИ), Кристофер Вреј, изјави дека Бирото проценило оти ковид-19 најверојатно потекнува од лабораторија во Вухан – градот од каде што вирусот започна да се шири, по што прерасна во глобална пандемија.

Претходно, американското Министерство за енергетика, исто така, изјави дека пандемијата на коронавирусот е предизвикана од инцидент во кинеска лабораторија.

Пекинг ги негираше ваквите тврдења, а како одговор на наодите на ФБИ го обвини Вашингтон за политичка манипулација.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Изречени над 220 казни за возачите во Скопје

Следно

Вклучени и пациенти од Македонија: Ковид-19 поврзан со зголемена опасност од подоцнежна гастроинтестинални болести

Latest from Blog

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја

УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа

Овој тим нема да настапува во Лига Европа следната сезона, и покрај обезбедениот пласман преку ФА Купот, откако УЕФА донесе одлука да го премести во Конференциската лига. Според информациите на Sky Sports,

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:
Go toTop