Бајден најави поддршка од над три милијарди долари за секторот за производство на батерии

September 21, 2024
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден најави повеќе од три милијарди долари грантови за 25 избрани проекти во 14 сојузни држави за зголемување на домашното производство на напредни батерии и материјали за батерии низ целата земја, известува Анадолу.

„Тоа е дел од индустриската стратегија на претседателот за чиста енергија и зајакнување на домашниот синџир во снабдување што ја подобрува енергетската безбедност и економската конкурентност на нацијата“, се вели во соопштението на Министерството за енергетика на САД.

Се проценува дека благодарение на избраните проекти ќе се поддржат повеќе од 8.000 градежни работни и над 4.000 работни места.

„Проектите дополнително ќе опремуваат, прошируваат и градат нови домашни капацитети за преработка на клучни минерали, компоненти на батерии, производство и рециклирање на батерии“, се вели во соопштението.

Се истакнува дека батериите се клучни за зајакнување на американската енергетска мрежа, напојување на домовите, деловните субјекти и поддршка за електрификацијата на транспортниот сектор.

„Со позиционирањето на САД на чело на напредното производство на батерии, создаваме високо платени работни места, го зајакнуваме нашето глобално економско лидерство и домашната енергетска безбедност, а сето тоа поддржувајќи ја транзицијата кон чиста енергија“, соопшти секретарката за енергија Џенифер Гранхолм.

Џон Подеста, виш советник на претседателот Џо Бајден за меѓународна климатска политика, рече дека администрацијата ја користи секоја достапна алатка во синџирот на снабдување со електрични возила и батерии во корист на националната безбедност и економија.

Во соопштението се додава дека американскиот приватен сектор инвестирал 120 милијарди долари во синџирот за снабдување со електрични возила во периодот на администрацијата на Бајден.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

СДСМ воведе данок на луксуз и тие пари потоа ги крадеа од буџетот, ние ја ограничивме маржата на прехранбени производи за да ја олесниме живејачката на граѓаните

Следно

Кремљ состави список од 47 „непријателски земји“, на него е и Македонија

Latest from Blog

Туркије, по 12 години, повторно го отвори својот Генерален конзулат во сириски Алепо

ИСТАНБУЛ (АА) – Туркије денес повторно го отвори својот Генерален конзулат во Алепо, Сирија, кој ја прекина работата во 2012 година поради граѓанската војна во Сирија, јавува Анадолу. На отворањето на Генералниот

Хамилтон во базата на Ферари: Многу сум среќен што денес го исполнувам мојот сон

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон денеска ја објави својата прва фотографија од базата на Ферари во Маранело. Британецот е во костум, пред легендарниот модел на Скудерија Ф40 и пред

Палестинците во Газа наидоа на масовни разурнувања при враќањето во своите домови

ГАЗА (АА) – Меѓу урнатините и остатоците од разрушените згради, Палестинците во Џабалија се враќаат во своите домови по прогласувањето на примирјето и договорот за размена на заложници и затвореници меѓу Хамас
Go toTop