Бајден најави дополнителен воен пакет од 500 милиони долари за Украина

February 20, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Американскиот претседател Џо Бајден денес во ненадејната посета на украинскиот главен град Киев најави нов пакет воена помош за Украина во вредност од 500 милиони долари, јавува Анадолу.

„Заедно, обезбедивме речиси 700 тенкови, илјадници оклопни возила, 1.000 артилериски системи, повеќе од два милиони куршуми артилериска муниција, повеќе од 50 напредни ракетни системи за лансирање, системи за противбродска и противвоздушна одбрана. Сѐ за одбрана на Украина. И тоа не спаѓа во другите половина милијарда долари што ќе ви ги дадеме денес и утре“, рече Бајден на прес-конференција со неговиот украински колега Владимир Зеленски.

Бајден најави испорака на артилериска муниција за ХИМАРС и хаубици, како и противтенковски ракетни системи Џавелин, радари за надзор, со цел да се „заштити украинскиот народ“.

Бајден, исто така, истакна дека Вашингтон подоцна оваа недела ќе прогласи дополнителни санкции за руските компании и елити што се обидуваат да ги избегнат санкциите наметнати на Москва, велејќи дека неговото присуство во Киев ја покажува американската поддршка за независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

Зеленски рече дека преговорите меѓу него и Бајден биле многу плодни и дека нивните резултати ќе се одразат „на бојното поле“.

„Разговаравме и за оружјето со долг дострел и за оружјето што сè уште може да ѝ биде доставено на Украина, иако претходно не беше доставено“, рече тој.

Бајден пристигна денес во Киев во ненајавена посета, по два месеци откако Зеленски отпатува во САД во неговата прва странска посета во странство.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кудус од Ајакс постигна фантастичен гол и го соблече дресот за да му одаде почит на Атсу, но сите зборуваат за потегот на судијата

Следно

Општина Аеродром: Левица се шампиони во лажни вести, повторно шират дезинформации во јавноста

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop