Бајден: Членките на Г7 договорија заеднички пристап кон Кина

1 min read

Не сакаме да се оддалечиме од Кина. Сакаме да ги намалиме ризиците и да ги диверзифицираме нашите односи со Кина, рече Бајден

Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека членките на Г7 се договориле за заеднички пристап кон Кина, со кој повикуваат на диверзификација на синџирите на снабдување со цел да се намали зависноста од таа земја и навести дека наскоро може да разговара со кинескиот претседател.

„Не сакаме да се оддалечиме од Кина. Сакаме да ги намалиме ризиците и да ги диверзифицираме нашите односи со Кина“,

рече Бајден на прес-конференција на последниот ден од самитот на Г7 во Јапонија.

Ваквиот пристап лидерите на седумте земји го истакнаа во вчерашното соопштение, поради што кинеската амбасада во Јапонија ги повика членките на Г7, како што наведе, да престанат да создаваат конфронтација и поделби.

И покрај ваквата реакција, Бајден рече дека очекува подобрување на односите со Кина „многу брзо“. Последниот спор меѓу двете сили беше околу кинескиот балон што беше соборен од САД откако прелета над чувствителни воени локации.

„Мораме да имаме отворена телефонска линија“,

рече Бајден.

Тој нагласи дека минатата година, за време на состанокот на Г20 на Бали, се согласил да ја продолжи комуникацијата со Си Ѓинпинг, но се се променило по скандалот со балонот со „два вагона шпионска опрема“.

Бајден навести дека наскоро би можело да дојде до промена во односите меѓу САД и Кина.

„Мислам дека ќе го видите тоа подобрување многу брзо“,

рече Бајден.

Зборувајќи за тензиите меѓу Кина и Тајван, Бајден посочи дека меѓу повеќето сојузници постои јасно разбирање дека ќе има одговор доколку Кина дејствува еднострано против Тајван.

„Нема да ѝ кажеме на Кина што да прави. Но, во меѓувреме, ќе го ставиме Тајван во позиција да се брани“,

додаде америкаснкиот претседател.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

СЦЕНАТА Е ОГАН, ИЛИ ЌЕ ЈА ЗАПАЛИШ, ИЛИ ЌЕ ИЗГОРИШ, ВЕЛИ ОПЕРСКАТА ПЕВИЦА ЗЛАТА ТОШЕВСКА, ЅВЕЗДА НА „НАБУКО“

Следно

Анкета на „Детектор“: Мнозинството граѓани се против внесување на Бугарите во Уставот и не очекуваат ништо позитивно од тоа

Latest from Blog