Бахмут уште трае и уште троши

March 21, 2023
2 mins read

Алармирањето околу украинската залиха доаѓа од американските и европски функционери според кои не е одржлива стапката со која украинската војска ги троши гранатите во Бахмут.

По неколкудневно непрекинато гранатирање на фронтот, Пентагон интервенирал кај Киев за да го потсети дека троши од залиха која не можат да ја надополнат во скоро време. Њујорк тајмс ова го толкува како „зголемување на тензиите меѓу украинската одлука Бахмут да се одбрани по секоја цена и нивната надеж пролетва да вратат дел од својата територија.“

Паниката е затоа што процените на западните сојузници на Украина се дека земјата има една шанса за уште еден голем јуриш годинава, во кој би можела да ја врати својата територија. За таа цел и работат сојузниците кои гледаат на секој можен начин да ги наполнат украинските резерви и со советска и со НАТО муниција.

Згора на ова е проблемот со украински жртви во Бахмут, заради кој командантите треба да одлучат дали ќе ги праќаат своите војници во одбрана на градот или ќе ги чуваат за офанзивата.

Њујорк тајмс проценува дека најавите на Полска дека ќе испрати четири МИГ-ови во Украина покажуваат дека НАТО се обидува на секој начин да ги зголеми шансите на земјата, но во исто време дека тие нема нешто многу да променат бидејќи и Русија и Украина имаат моќни противвоздушни системи, заради што главната борба е на земја и со тешка артилерија, истата онаа за која Киев е тенок за резервите.

Весникот пренесува сведоштва во кои украински командант на тенковска единица која служи во одбрана на Бахмут речиси веќе и да нема муниција, а друг командант од Бахмут раскажува дека има „катастрофален недостаток на гранати“, па деновиве откако неговата единица онеспособила руски Т-90, таа не смеела целосно да го уништи затоа што тоа било премногу скапо.

САД се надева дека ќе почне да произведува по 90.000 гранати месечно, меѓутоа за кревање на производството на тоа ниво ќе бидат потребни околу 2 години. Слично е и со напорите на ЕУ да купи милиони гранати, за кои се проценува дека исто така ќе треба време.

Украина има околу 350 хаубици од западно производство, но и покрај загубите се пресметува дека тие имаат значително повеќе парчиња советска артилерија.

„Но бројките сами по себе не ја раскажуваат целата приказна за Бахмут, место на една од најкрвавите битки на војната. Руската паравоена група Вагнер користи единици на поранешни затвореници за пробивање на украинските линии. Ова значи дека искусни украински сили гинат во одбрана на градот против помалку обучена руска пешадија.

Бахмут е мал град, меѓутоа низ него минува клучен пат кон исток а во меѓувреме доби голема симболика за двете страни,“ пишува Њујорк тајмс.

Западни воени експерти потсетуваат дека е важно за Украина да покаже дека ќе ја брани својата територија, но во исто време таа треба „да демонстрира дека тоа се исплати.“ Во моментот во корист на Украина оди и тоа што Бахмут ги цеди и руските сили и ресурси, на тој начин слабеејќи ги нивните капацитети да продолжат што подалеку на запад од земјата.

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ирскиот поет Гевин Бредли со неговата стихозбирка „Страв од разделба“ е годинешниот добитник на наградата „Мостови на Струга“

Следно

Во пресрет на Велигден и Бајрам, Владата ги замрзна цените на јајцата и оризот

Latest from Blog

Сите осомничени за падот на бетонската настрешница во Нови Сад ослободени од притвор

Апелацискиот суд во Нови Сад го укина притворот на уште петмина осомничени во случајот со падот на бетонската настрешница на железничката станица во тој град, кога загинаа 16 лица. Тие беа осудени

Собранието изгласа Одлука за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници

Собранието денеска одобри прераспределба на средства меѓу буџетските корисници со кои се обезбедуваат два милиони денари за изработка на идејно решение и почнување активности за изградба на спомен обележје за починатите во

Турција ја засилува безбедноста на границите поради ескалацијата на тензиите меѓу Израел и Иран

ИСТАНБУЛ (АА) – Турција ги зголеми мерките за безбедност на границите и воздушниот простор како одговор на зголемените тензии на Блискиот Исток, а министерот за одбрана Јашар Ѓулер ги осуди воените напади

КЛ: Вардар, Силекс и Работнички ги дознаа потенцијалните ривали во 2. квалификациско коло

Трите македонски екипи кои изборија пласман во квалификациите во Лигата на конференции, попладнево со жрепка во Нион ги дознаа можните ривали за втората квалификациско рунда. Освојувачот на македонскиот Куп, Вардар за противник
Go toTop