Баербок и Фезер во Туркије: Последиците од земјотресите не можат да се опишат со зборови

February 22, 2023
1 min read

КАХРАМАНМАРАШ (АА) – Германската министерка за надворешни работи, Аналена Баербок, изјави дека последиците од разорните земјотреси кои ги потресоа јужните делови на Туркије не можат да се опишат со зборови, известува Анадолу.

Шефицата на германската дипломатија, Баербок и министерката за внатрешни работи, Ненси Фезер, вчера ја посетија турската област Кахаманмараш и од прва рака се запознаа со ситуацијата на теренот по разорните земјотреси кои го потресоа регионот на 6 февруари.

По посетата на шаторската населба и медицинскиот центар што германските волонтери го поставија во местото Пазарџик, министерките го посетија и центарот на градот.

„Последиците на овие катастрофи не можат да се опишат со зборови, дури и ако сте физички тука“, рече Баербок.

Таа на новинарите им рече дека Берлин обезбедил дополнителни 50 милиони евра помош, со што вкупната помош на Германија за настраданите од земјотресите во Туркије и Сирија е зголемена на 108 милиони евра.

Пакетот помош вклучува и шатори, медицински материјали, храна, ќебиња и агрегати.

Баербок рече дека германската Влада, исто така, го олеснила процесот на издавање визи за турските граѓани кои имаат роднини во Германија, истакнувајќи дека постои мобилен автобус за поднесување на барање за виза, кој во погодените подрачја може да ги прифати и обработи барањата за виза.

Министерката за внатрешни работи на Германија, Фезер, рече дека со оваа посета сакаат да покажат солидарност со жртвите од катастрофата и информира дека се сретнале со семејствата кои ги загубиле своите најблиски и своите домови.

Фезер рече дека се уверила колку пакетите на германската помош се добро дистрибуирани во подрачјата погодени од земјотресот, што е показател за длабоките врски меѓу Германците и Турците.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Досега 46 жртви од поплавите во Бразил

Следно

Доналд Трамп: „Светската војна никогаш не била вака блиску“

Latest from Blog

Николоски: Над 409.000 патници на скопскиот аеродром во јули – нов историски рекорд

Македонските аеродроми бележат рекордни резултати во авио-сообраќајот, а политиките за привлекување нови авиокомпании и отворање нови авиолинии веќе даваат видливи ефекти, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во гостувањето

Николоски: Во следните месеци ќе биде пуштена најтешката делница од автопатот Кичево-Охрид

Рокот за целосно завршување и предавање во употреба на целиот автопат, според него, е мај следната година. Најтешката делница од автопатот Кичево-Охрид во должина од десетина километри ќе биде пуштена во употреба
Go toTop