Азербејџанскиот претседател Алиев побара од Русија да плати компензација за соборувањето на патничкиот авион

December 29, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Азербејџан денес побара Русија да ја признае вината за соборувањето на азербејџанскиот патнички авион, да ги казни одговорните и да плати отштета, јавува Анадолу.

Во изјавата за новинарите во Баку, азербејџанскиот претседател Илхам Алиев потврди дека авионот на „Азербејџан ерлајнс“, кој се урна во близина на казахстанскиот град Актау, бил тешко оштетен од оган од копно и изгубил контрола поради радио-електронско војување.

„Фактите се дека азербејџанскиот цивилен авион е оштетен однадвор, на руска територија, во близина на Грозни, и за малку ќе ја изгубел контрола. Знаеме и дека нашиот авион е оневозможен (во командите) поради радио-електронското војување“, рече тој.

Авионот на АЗАЛ, кој леташе од Баку за Грозни во руската Чеченска Република, се урна во средата на 3 километри од казахстанскиот град Актау, на брегот на Каспиското Море.

Казахстанските власти објавија дека 38 лица загинале во падот на авионот „Ембраер 190“, во кој имало 67 луѓе, додека 29 преживеале. Истрагата за инцидентот е во тек и во Азербејџан и во Казахстан.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Исчистен е патот кон манастирот „Св. Ѓорѓија“, во Прилеп се пренесени двете загрозени лица кои немале лекови

Следно

Приведен син на поранешен висок функционер, се сомничи за „Оддавање службена тајна“

Latest from Blog

Тринаесетгодишно дете ќе остане со траен инвалидитет на раката по повреда од петарда

Тринаесетгодишно дете со сериозна повреда на раката од петарда е примено на Ургентниот центар на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување (ТОАРИЛУЦ) за време на новогодишната ноќ. Детето

Стотици илјади луѓе се собраа во Истанбул првиот ден од Нова година за поддршка на Палестина

ИСТАНБУЛ (АА) – Десетици илјадници граѓани се собраа на истанбулскиот мост Галата на 1. јануари за да изразат солидарност со Палестина, известува Анадолу. Учесниците маршираа од џамиите во Истанбул низ историскиот полуостров

Турскиот тек останува опција за Европа по прекинот на испораката на рускиот гас преку Украина

АНКАРА (АА) – Откако рускиот енергетски гигант „Газпром“ првиот ден од Новата година објави дека е прекината испораката на гас за Европа преку Украина, европските земји останаа со само Турскиот тек (TurkStream)
Go toTop