Ацевски: Не е сè корумпирано во државава – но мора да се вложува повеќе во превенција

May 21, 2025
1 min read

Главниот државен ревизор, Максим Ацевски во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 испрати јасна порака дека корупцијата не ја зафаќа целата држава, но постојат сериозни проблеми кои бараат системско и навремено дејствување.

Според него, државата треба да вложува повеќе во превенцијата.

„Не сметам дека не треба да има репресивни мерки, меѓутоа сметам дека државата треба да вложува повеќе во превенцијата. Не треба да дозволиме нешто да се случи, откако ќе се случи веќе е настаната штетата“, истакна Ацевски.

Тој истакна дека годишниот извештај на Државниот завод за ревизија за 2023 покажува значајни износи што се однесуваат на несоодветно користење на јавни средства – пари што потекнуваат од даночните обврзници.

„Дали е тоа добро? Не е добро, секако дека тоа не чини. Во суштина, тоа се изгубени јавни средства, средства на даночните обврзници, а од друга страна квалитет на услугите на граѓаните“, додаде тој.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

СДСМ: Владата да одговори дали ќе разговара за примање мигранти?

Следно

Добротворна организација подели топол оброк во Газа во услови на продлабочување на хуманитарната криза

Latest from Blog

Променливо облачно и топло со сончеви периоди

Променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Попладне наместа ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во

Одлука на Новак Ѓоковиќ која сите ги изненади

Најдобриот тенисер на сите времиња, Србинот Новак Ѓоковиќ, неодамна ја заврши соработката со својот тренер, Енди Мареј, а сега, пред почетокот на турнирот во Женева, даде изјава за медиумите, зборувајќи за голем

Каја Калас допатува во Србија

Министерот за надворешни работи на Србија, Марко Ѓуриќ, вечерва на аеродромот „Никола Тесла“ ја пречека високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас. На приемот присуствуваа и шефот

Меџити од Лондон: Пари од договорoт за стратешко партнерство за расчистување на опасните депонии

Проекти од областа на животната средина како што е елиминирање на депониите со опасен отпад ќе се финансираат со средства од Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, најави денеска во Лондон

Рубио сигнализира можен напредок за брзо ставање крај на војната во Газа

ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот државен секретар Марко Рубио денес изјави дека се можни „значајни достигнувања“ за ставање крај на војната во Појасот Газа и обезбедување ослободување на заложниците, јавува Анадолу. „Имам одредено
Go toTop