Асанж излезе од затвор и ја напушти Британија

1 min read

Основачот на Викиликс се согласил да прифати вина за шпионажа по само една точка за обвинението, односно заговор за стекнување и пуштање во оптек на доверливи документи од американската национална одбрана.

По ослободувањето од затвор тој е директно префрлен на аеродром и заминува од земјата. Во среда Асанж треба да се појави на суд во Саипан, американска територија на Пацификот, каде ќе биде осуден на 62 месеци, кои веќе ги одлежа.

Неговиот авион слетува во Бангкок за да наполни гориво, по што продолжува кон Саипан. Откако таму ќе заврши сослушувањето, тој повторно се враќа во Австралија.

Асанж повеќе од 12 години се бореше против екстрадиција во САД, од кои последните пет беше во затвор во Британија.

ИЗВОР: off.net.mk

Претходно

ЈО: Со спогодбите во „Синџир“ вратени безмалку 1.000.000 евра во државниот буџет

Следно

Варга не се сеќавал на инцидентот, успешно е опериран

Latest from Blog