Артета и Арсенал сега се во проблеми, ама во декември…

November 19, 2025
1 min read
ФОТО: FC Arsenal/FB

Арсенал е лидер во Премиер лигата, има максимум во Лигата на шампионите, но она вистинското допрва доаѓа. Четата на Микел Артета ќе одигра три пеколни натпревари во рок од седум дена, бидејќи Тотенхем и Баерн Минхен пристигнуваат на „Емирати“, а потоа следниот викенд гостува кај Челзи на „Стемфорд Бриџ“.
Иако Арсенал ќе биде ослабен без стоперот Габриел во следните неколку недели, како и без неговите соиграчи – Мартинели, Жесус покрај Мартин Одегард, Каи Хаверц и Нони Мадуеке, повеќето од нив ќе бидат подготвени да се вратат на теренот на почетокот на декември.
Последниот на списокот на повредени – Габриел ќе се врати најдоцна, но затоа наскоро ќе биде на теренот – Хаверц, Жесус, Мадуеке и пред сè Мартинели.
Со тие повреди, проблемот е тешкиот распоред до почетокот на декември.
По споменатите три дербија, Арсенал има малку полесен распоред, бидејќи Брентфорд чека, Астон Вила и Клуб Бриж гостуваат, потоа Вулвс и Кристал Палас доаѓаат на Емирати, а помеѓу нив има гостување кај Евертон на Гудисон, а на крајот од годината гостуваат и Брајтон и Астон Вила…
Во превод, повредата на Габриел и трите дербија за осум дена се проблем во моментов, но во декември сè ќе биде многу полесно поради враќањето на играчите и полесниот распоред…

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Познат балкански ноќен клуб целосно изгоре во Виена – за среќа бил затворен во моментот на пожарот

Следно

Лекари и аптеки во Грција преку незаконско препишување рецепти нанеле штета од околу 12 милиони евра

Latest from Blog

Лекари и аптеки во Грција преку незаконско препишување рецепти нанеле штета од околу 12 милиони евра

Од Националната организација за обезбедување здравствени услуги (ЕОПИИ), односно грчкиот државен здравствен фонд соопштија дека на одржаниот состанок, меѓи другото, Управата за фармација ги презентирала резултатите од контролните проверки за прекршувањата во

Познат балкански ноќен клуб целосно изгоре во Виена – за среќа бил затворен во моментот на пожарот

Пожар избувна во популарен ноќен клуб во Виена во вторник вечерта. Клубот бил посетуван од иселеници од Балканот. Пожарот во клубот „Вилиџ“ брзо се прошири на покривот. Пожарникарите пристигнаа на местото на настанот со

ШТО Е ПРЕКУМЕРНО СПИЕЊЕ? Лекарите сметаат дека сè над оваа бројка е премногу

Доволното квалитетно спиење е несомнено еден од најважните фактори кога станува збор за нашето ментално и физичко здравје и квалитетот на животот. Добриот сон не само што нè одржува освежени и подготвени

Маневски: Апсурд е дека Владата треба да молчи за ситуацијата во Судството, таа според  Уставот е одговорна за извршувањето на законите

  Некој овде намерно ги испомешал работите, не е точно дека владата не смее да се меша ида коментира кога судството и обвинителството се во хаос. Уставната одредба во член 91 посочува
Go toTop