По вчерашните настани поврзани со нападот врз градоначалнилката и вработените од град Скопје, МВР доказниот материјал прибавен службено кој наместо да го достават до Јавното обвинителство го лиферуваа по медиуми
Доказниот материјал кој единствено е во посед на МВР го сечеле, лепеле и монтирале со цел да прикажат дека градоначалничката на град Скопје нападнала и тепала командант на ОВК, а го објави по најава на министерот Тошковски, пратеничка на ВЛЕН во Собранието на Република Македонија, соопштија од Град Скопје.
Фактот дека доказите од настанот се лиферувани во јавност од единицата ЕУМНА при МВР, кои единствени ги имале во постапката добиено како доказ од градоначалничката укажува дека МВР е претворено во партиски штаб на ВЛЕН и ВМРО, за што ќе бидат поднесени и соодветни пријави.
Извор: 24vesti.mk