Арсовска повторно ќе бара поддршка од советниците за набавка на еко-автобуси

1 min read

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска ќе се обиде од советниците да добие поддршка за набавка на еколошки автобуси.

На дневен ред на седницата на Советот, која е закажана за 30 април, повторно ќе се најде предлогот за долгорочно задолжување на Град Скопје кај домашна банка за купување нови автобуси.

Советот на Град Скопје првиот пат не го прифати предлогот на Арсовска за задолжување од 620 милиони денари, односно околу 10 милиони евра за набавка на нови еко-автобуси.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

Претходно

Израелскиот министер Бен-Гвир се закани со оставка ако се запрат измените во судството

Следно

„Уанвеб“ ги постави последните 36 сателити од првата група

Latest from Blog