Антониот Конте ќе добие отказ од Тотенхем

1 min read

Италијанскиот фудбалски тренер Антонио Конте ќе добие отказ од Тотенхем до крајот на неделата, пренесува британски „Телеграф“.

По коментарите по натпреварот со Саутемптон на прес-конференцијата на која ги критикуваше своите играчи и го окарактеризираше Тотенхем како „клуб губитник“, раководството на Тотенхем одлучило да се раздели со Конте.

До крајот на неделата тимот треба да го преземе Рајан Мејсон и тој ќе го води тимот до крајот на сезоната во која ќе се обиде да се избори за пласман во Лигата на шампионите.

Антонио Конте планираше да го напушти Тотенхем на лето, но очигледно е дека не е задоволен од ситуацијата во клубот и односот на играчите кои не успеваат да воспостават континуитет и да ги исполнат неговите замисли.

 

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Научниците со последно предупредување за климатската криза: Да се дејствува веднаш или ќе биде предоцна

Следно

Бајден го потпиша законот за транспарентност за потеклото на пандемијата на коронавирусот

Latest from Blog