Антонио Гутереш во Киев, ќе разговара со Зеленски за договорот за извоз на жито

March 8, 2023
1 min read

Минатата среда Русија објави дека ќе се согласи да го продолжи Црноморскиот договор за жито, кој овозможува безбеден извоз на жито од украинските пристаништа, но само доколку се земат предвид интересите на нејзините земјоделски производители

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, пристигна во Киев со надеж дека ќе добие продолжување на договорот меѓу Русија и Украина за извоз на жито, склучен летото минатата година, со што ќе се избегне глобален недостиг на еден од основните прехранбени производи.

Договорот склучен на 22 јули минатата година под покровителство на ОН и Турција, овозможува извоз на жито од украинските пристаништа кои беа блокирани поради непријателствата и истекува на 19 март. Досега се извезени речиси 20 милиони тони жито. Со цел да се обезбеди продолжување на Црноморската иницијатива за жито, Гутереш денеска ќе разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Договорот овозможи извоз на жито и други прехранбени производи од три пристаништа на Црното Море. Тој првпат беше продолжен во ноември, по тешки преговори. Ова е трета посета на Гутереш на Киев од почетокот на војната.

Минатата среда Русија објави дека ќе се согласи да го продолжи Црноморскиот договор за жито, кој овозможува безбеден извоз на жито од украинските пристаништа, но само доколку се земат предвид интересите на нејзините земјоделски производители.

Рускиот земјоделски извоз не е конкретно цел на западните санкции, но Москва вели дека ограничувањата на плаќањата, логистиката и индустријата на осигурување претставуваат пречка за рускиот извоз на жито и ѓубрива.

Пред војната, житото од Украина и Русија претставуваше четвртина од светскиот извоз. Црноморската иницијатива се смета за витална за спречување на хуманитарна криза во земјите во развој и за ограничување на цените на храната ширум светот.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: Полицијата на Спасовски не ги гони нарко-картелите, затоа се случуваат убиства во реалноста дури тој прави статистички гимнастики

Следно

Гутереш во Киев

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе
Go toTop