Анкета: Речиси еднаков процент од Србите се за и против членство во ЕУ

March 30, 2023
1 min read

На евентуален референдум за влез во Европска Унија, 44 отсто од граѓаните на Србија би гласале за членство, додека 42 проценти од испитаниците се изјасниле дека се против членството, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од Центарот за истражување, транспарентност и одговорност (ЦРТА).

Истражувањето спроведено на крајот на февруари и почетокот на март исто така покажа дека 43 отсто од испитаниците веруваат дека Србија никогаш нема да стане членка на ЕУ.

На прашањето кое би било идеалното решение за Косово, 38 проценти од испитаниците немаат одговор, а исто толку граѓани изјавиле дека не знаат каков би можел да биде вистинскиот исход од тековните преговори меѓу Белград и Приштина.

Анкетата покажува дека 30 отсто од граѓаните отворено изјавуваат дека не знаат што подразбира европскиот договор за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, додека седум проценти од нив оцениле дека тоа е чекор кон конечниот договор.

Според резултатите, за мнозинството граѓани француско-германскиот предлог е неприфатлив, додека 26 проценти од испитаниците би го прифатиле предлогот, а 20 отсто би ја прифатиле независноста на Косово ако се обезбеди подобра положба на Србите во Косово.

На прашањето за стратешката насока што треба да ја следи Србија, 44 проценти од испитаниците се изјасниле дека треба повеќе да се сврти кон Запад, а 43 отсто сметаат дека Србија треба да воспостави „посилни“ врски со Русија. Граѓаните ја перцепираат Русија како најважен политички (34 проценти) и безбедносен (42 отсто) партнер на Србија, додека ЕУ ја гледаат како најважен економски партнер (44 проценти).

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Британската влада нема да ја зголеми старосната граница за пензионирање на 68 години

Следно

Советниците го одбија предлогот на Арсовска за набавка на нови автобуси

Latest from Blog

Рубио: Моџтаба Хамнеи е можеби жив

Американскиот државен секретар Марко Рубио Во интервју за „Фокс њуз“, ја изненади јавноста со изјава дека во Вашингтон постојат сигнали оти иранскиот врховен лидер Моџтаба Хамнеи е сè уште жив, но нагласи дека

НОМАГАС: Македонија станува енергетски јазол: интерконекторите носат нова позиција на Балканот

Поголема сигурност во снабдувањето, повеќе можности за пристап до природен гас и пофлексибилен енергетски систем се главните придобивки што потрошувачите треба да ги добијат од поврзувањето на Македонија со гасните системи на

Номагас: Повеќе извори значат поотпорен и посигурен енергетски систем

Поголема сигурност во снабдувањето, повеќе можности за пристап до природен гас и пофлексибилен енергетски систем се главните придобивки што потрошувачите треба да ги добијат од поврзувањето на Македонија со гасните системи на
Go toTop