Ангеловски од Сојуз на стопанската комора: 30 години се занимаваме со бизнис, не се случило да се земе толку ефтин кредит како тој од унгарските пари на владата

December 10, 2024
1 min read

Претседателот на Сојуз на Стопански комори, Трајан Ангеловски во гостување во “Отворено студио” на МРТВ на тема “Буџет 2025” ја поздрави одлуката на Владата за понудените 250 милиони евра од унгарскиот заем на бизнисот со поволни услови и истакна дека толку евтин кредит под вакви услови не се случил 30 години.

-Јас сум втора генерација во бизнис секторот кај мене во семејството. Татко ми ја основа компанијата и ние во триесет и нешто години корпоративно ниеднаш немаме користено кредит за нашата фирма со рочност од 15 години. 1,95 до сега не ни се има случено да платиме толку ниска камата. Дефинитивно кредитот според овие параметри е повеќе од поволен, истакна Ангеловски.

Тој исто така сподели и лично искуство од неговата компанија која имала готов проект, но истиот стоеше во фиока, но ваквиот поволен кредит ги охрабрува да продолќат со плановите и да инвестираат.

-Сега ќе кажам ситуација во нашата компанија. Ние имаме спремна градежна дозвола, спремен проект. Две или три години поради нашата субјективна процена дека можда не е вистинско време да се инвестира проектот стоеше во фиока. Овој кредит не охрабрува да ние влеземе во инвестиција неколкумилионска која што, знаете секоја инвестиција носи со себе вработувања, инвестиции, нови машини, нова опрема, нови извозни аранжмани итн. Така да секоја подршка на стопанството ние апсолутно ја поддржуваме и сметаме дека секој денар кој што ќе биде вложен во македонското стопанство ќе се врати повеќекратно, потенцираше Ангеловски.

Претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија Менди Ќура исто така го поздрави ваквиот потег на Владата додавајќи дека само најавата дека ќе има 250 милиони евра за бизнисот и 250 милиони евра за општините го регулира банкарскиот пазар на каматите кои после ковид кризата беа високи.

-Само најавата дека ќе има 250 милиони евра за бизнис заедницата и 250 милиони за општините се стабилизира банкарскиот пазар во делот на каматите, затоа што после ковид кризата имавме високи стапки на каматните стапки од 5,6,7% и беа огромна тежина за бизнисот. Ова е за поздравување, потенцираше Ќура.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Протестен марш под мотото „За чист воздух“

Следно

Што содржат иницијативите кои го оспоруваат Законот за употреба на јазиците

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop