АНАЛИЗА: Компас-подарок за конгресот на СДСМ

January 19, 2026
2 mins read

Просто е неверојатно како за 2 важни настана во изминатиот период СДСМ го губи компасот на одлучување и делување, промашувајќи ја важноста на темата, како да се работи за третокласна вонпарламентарна партија.

Прво, лидерската средба. Кој е тој што го советува Венко Филипче да не присуствува на овој важен состанок на кој се појавија сите кои ја креираат политиката во земјава? Сите само не тој, претседателот на СДСМ чие лидерство се клати на стаклени нозе спроти конгресот.

Кога би бил Филипче лидер на опозицијата кој зад себе има 40-45 пратеници, а не 18, односно 15 од СДСМ, тогаш би можел да влијае на политичките процеси. Па дури и да тактизира со рејтингот што би го имал ако присуствува, односно ја бојкотира средбата. Сите го сфатиле тоа, само Филипче не .

Дури и радикалниот и „пис на јазик‘‘ лидер на Левица, Апасиев, лукративно пресмета дека сега е моментот да седне на столчето на опозицијата, истуркувајќи го тоа на Филипче во мртвиот агол на политичкото влијание.

Конструктивноста со која настапи Апасиев, дури и неговото јавно искажано изненадување од кооперативноста на власта укажува на тоа дека Левица ги разбрала пораките од јавноста. Апасиев разбрал дека гласачите сакаат конструктивност, а не насилство, поклонување на гробот на Енвер Хоџа и речник полн со навреди и вулгарности. Димитар разбрал, но Венко не. Тоа што допонително не го разбрал Филипче е дека по лидерската средба, од него и од неговите пратеници повеќе не зависи ништо, ниту еден закон во Собранието, ниту двотретински, ниту тие со Бадентер.

Тоа што може да му се случи е растурање и на тие десетина пратеници. Меѓу нив има и разумни политичари, кои ќе застанат зад издржани закони договорени од целото Собрание, наместо да застанат зад суетата на партискиот лидер. Партиски лидер заведен од ПР-от увезен од северниот сосед (според информациите) кој не кореспондира со политичките состојби во земјава. Ако се исклучат важните законски проекти, како Safe City, промена во изборниот модел, реформските закони, изборот на Народен правобранител, компасот е изгубен и за укинувањето на техничката влада.

За нејзиното укинување зборуваше и менторот на Филипче, Зоран Заев пред 5 години. Но, тогаш мотивот беше спас на владата и „светото‘‘ коалицирање со ДУИ, па СДСМ го измисли моделот премиер од интегративците (Талат Џафери) да ја води владата 100 дена пред избори.

Сега кога е договорено техничката влада да се укине не на следните, туку на парламентарните избори потоа и тоа не е доволно за некој кој има десетина пратеници. Па Филипче, иако не е во позиција повторно диктира правила – ќе се укине тогаш кога ќе се создадат услови, што укажува на целосно губење на компасот и реалноста во која се наоѓа СДСМ.

Второ, запирање на емиграциските визи од САД за македонските државјани. Тврдењето на СДСМ дека се укинува издавањето генерално на сите американски визи е повторно во функција на создавање несигурност и безбедносна опасност како со лажните мигранти. Повторно со лага или лукративно премолчување, не кажуваат дека се работи за иселенички визи, неколку стотици на број годишно, и дека сите студенти, туристи, бизнисмени и други слободно може да аплицираат за виза и да патуваат во САД.

И повторно СДСМ се соочува со апсурдност.

Од една страна ширеа лажна паника за увоз на мигранти од Велика Британија, демек земјава е толку богата, па сите тргнаа да ја населуваат. Од друга страна загриженоста на Бихаќка за паузата во издавање емиграциски визи како да им ја нарушува стратегијата за иселување на Македонците во САД. Интересно ќе биде каков комичен изговор ќе смисли уште покомичниот ПР на СДСМ ако наскоро се остварат очекувањата и на МНР и на премиерот за добри вести од Вашингтон околу визната политика (олеснување или укинување на визниот режим на САД за Македонија).

ПС

Кога компасот ќе се расипе не спасуваат ниту ѕвездите од тмурното небо надвиснато над партијата. Нов компас како подарок на конгресот на СДСМ единствено може да им укаже на правиот пат. Дали на истиот ќе ги води Филипче (без компас) или некој друг е работа на самите социјалдемократи, А не да ни го раскажуваат Јон Фрчковски и Андреј Жерновски, за чиј кредибилитет се е кажано.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Младото момче Јордан Ангелески го фати крстот – Прилеп го слави Богојавление, честитки од Проданоски

Следно

Водици во Пробиштип: Давид Демјанов и Стефан Наков го извадија светиот крст

Latest from Blog

Проданоски: Водици обедини над 400 верници низ Прилеп и населените места

Над 400 верници денеска учествуваа во традиционалното фрлање по светиот крст по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици 2026, на територијата на општина Прилеп. Празнувањето започна со утрински богослужби во православните

Водици во Пробиштип: Давид Демјанов и Стефан Наков го извадија светиот крст

По повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, во општина Пробиштип традиционално се одржа фрлањето на светиот крст во осветените води во Злетово и во Аква паркот во Пробиштип. Во Злетово, најсреќен

Младото момче Јордан Ангелески го фати крстот – Прилеп го слави Богојавление, честитки од Проданоски

„Бог се јави – навистина се јави!“ – со овие зборови градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, го честита празникот Богојавление – Водици. Празникот симболизира светото крштевање, духовното раѓање, верата и прочистувањето,

Коњановски: Денес ја славиме верата и традицијата на Богојавление Водици

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление ден кога според христијанското предание, Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што
Go toTop