АМСМ: На „Табановце“ се чека 30, а на „Богородица“ 15 минути

1 min read

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце времето на чекање за влез во државата е околу половина час, а на ГП Богородина за излез од земјава околу 15 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Извор: 24vesti.mk

Претходно

Ердоган отпатува во САД на Самитот на НАТО: На дневен ред ќе ги ставиме масакрите на палестинскиот народ во Газа

Следно

Да не знаеш за што попрво да избегаш

Latest from Blog