Амнести интернешнал: Израел има употребено американска муниција во убивањето цивили во Газа

December 5, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Израелската војска уби 43 Палестинци користејќи муниција произведена од САД во два документирани воздушни напади во блокираниот Појас Газа, се вели во извештајот на Амнести интернешнал, пренесува Анадолу.

„Новата истрага на Амнести интернешнал откри дека муницијата за заеднички директен напад (JDAM) од САД била користена од страна на израелската војска во два смртоносни, незаконски воздушни напади врз домови полни со цивили во окупираниот Појас Газа“, се вели во објавата на организацијата на X.

„Во двата напади загинаа вкупно 43 цивили. Во двата случаи, преживеаните рекоа дека немало предупредување за неизбежниот напад“, додаде чуварот.

„Овие напади беа или директни напади врз цивили или цивилни објекти или неселективни напади. Тие мора да бидат истражени како воени злосторства“, рече понатаму Амнести.

Организацијата, исто така, ги повика САД да го прекинат снабдувањето со оружје за Израел.

„САД мора веднаш да престанат да му префрлаат оружје на Израел што поверојатно ќе биде искористено за извршување или зголемување на ризиците од кршење на меѓународното право“, се заклучува.

Израел ја продолжи својата воена офанзива врз Појасот Газа во петокот по завршувањето на еднонеделната хуманитарна пауза со палестинската група Хамас.

Најмалку 15.899 Палестинци се загинати, а над 42.000 се повредени во немилосрдните воздушни и копнени напади врз енклавата од 7 октомври по прекуграничниот напад на Хамас.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

MARKETING

MARKETING

Претходно

Резултати ПИСА 2022: Од 81 земја, учениците во Македонија на 61 место по математика, на 71 по јазична писменост и на 68 место по природни науки

Следно

Кочо Анѓушев ставен на црната листа на САД

Latest from Blog

Со 2,28 промили управувал мотоцикл и излетал од патот во Струга, полицијата го привела

На 09.05.2025 во 06.35 часот полициски службеници од ОВР Струга на улицата „Боро Калајџиески“ во Струга, го лишиле од слобода И.М.(36) од Струга. Тој претходно, пред казино лоцирано во населбата „Плитишта“ во

Во изминатите пет години, преку „Генералка викенд“ се собрани над 1.000 тони отпад

Започна новото издание на „Генералка викенд“ – иницијатива за масовно чистење на отпадот што несовесни граѓани го оставаат низ природата. Илјадници волонтери од сите општини низ земјата се вклучени во акцијата, која

Ана Ивановиќ и Ѓоковиќ повторно заедно?

Ана Ивановиќ и Новак Ѓоковиќ би можеле повторно да се сретнат за прв пат по долго време. На турнирот во Женева, најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, ќе ги направи последните

Израелски напад врз центар на ОН за хуманитарна помош во северна Газа

ГАЗА / АНКАРА (АА) – Четворица Палестинци се убиени, а повеќемина се ранети вечерва во израелски воздушен напад врз објект за дистрибуција на хуманитарната помош на Агенцијата за бегалци на Обединетите нации,
Go toTop