Амнести интернешнал: Алармантен пораст на репресивните мерки против мирните протести во Европа

1 min read

ЛОНДОН (АА) – Правото на мирно собирање во Европа се соочува со сериозни и систематски предизвици бидејќи владите сè повеќе ги „стигматизираат, криминализираат и разбиваат“ демонстрантите, се наведува во новиот извештај на Амнести интернешнал, јавува Анадолу.

Извештајот нагласува вознемирувачки модел на репресивни закони, прекумерна употреба на сила, произволни апсења и инвазивни тактики за надзор низ целиот континент.

„Истражувањето дава длабоко вознемирувачка слика за нападите низ Европа против правото на протест“, рече Агнес Каламард, генерална секретарка на Амнести интернешнал.

Таа додаде дека низ целиот континент властите ги оцрнуваат, попречуваат, одвраќаат и незаконски ги казнуваат луѓето што мирно протестираат.

Извештајот документира низа злоупотреби во 21 европска држава, меѓу кои и Белгија, Финска, Франција, Германија, Италија, Полска, Словенија, Србија и Швајцарија.

Овие практики вклучуваат полициска употреба на оружје, што доведува до сериозни повреди, како скршени коски, исчанчени екстремитети и тешки повреди на главата.

Извештајот ја нагласува употребата на прекумерна сила врз деца во неколку земји, што во некои случаи претставува тортура или друга злоупотреба.

Оваа употреба на сила е често придружена со стигматизирачка реторика од властите, кои демонстрантите ги етикетираат како „терористи“, „криминалци“, „странски агенти“, „анархисти“ и „екстремисти“.

„Низ историјата мирните протести играа клучна улога во постигнувањето на многу од правата и слободите што сега ги земаме здраво за готово. А сепак, низ Европа, репресивните закони и политики во комбинација со неоправдани практики и технологии за надзор што се злоупотребуваат создаваат токсична средина што претставува сериозна закана за мирните демонстранти и протести“, рече Каламард.

Извештајот укажува и на загрижувачкиот тренд на претставување на мирната граѓанска непослушност како закана за јавниот ред и националната безбедност.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

Претходно

Дневен хороскоп за четврток, 11-ти јули 2024-та

Следно

Столтенберг: Ако Украина ја изгуби војната – тоа нема да донесе мир

Latest from Blog