Американскиот државен секретар Блинкен во Минхен се сретна со својот кинески колега Ванг Ји

February 19, 2023
1 min read

МИНХЕН/АНКАРА (АА) – Американскиот државен секретар Антони Блинкен се сретна со својот кинески колега Ванг Ји на маргините на Минхенската безбедносна конференција, пренесува Анадолу.

Состанокот е првата тет-а-тет средба меѓу високи претставници на двете земји по соборувањето на наводниот кинески шпионски балон од страна на САД.

„Само што се сретнав со шефот на дипломатијата на НР Кина (Народна Република Кина), Ванг Ји“, напиша Блинкен на Твитер. „Го осудив упадот на извидувачкиот балон на НР Кина и истакнав дека тоа никогаш повеќе не смее да се повтори.“

Блинкен истакна дека ја предупредил Кина да не обезбедува материјална поддршка за Русија за војната во Украина.

„Јас, исто така, ја нагласив важноста на одржување отворени линии на комуникација“, рече тој.

Претходно, Ванг Ји изјави на Конференцијата дека соборениот балон бил цивилен и излетал од курсот и влегол во САД поради западните ветрови.

„Побаравме од САД да се справат со тоа смирено и професионално со консултации со кинеската страна“, рече тој.

„За жал, САД ги игнорираа овие факти и користеа напредни борбени авиони за соборување на балонот со своите проектили. Ова, би рекол, е апсурдно и хистерично“, додаде кинескиот министер.

„Дали ќе почнеме да соборуваме балони од различни земји во светот? Овој инцидент не ја покажува американската сила, туку спротивното“, додаде тој.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Мајка, која ги загуби двата сина и сопругот во земјотресот во Туркије, трага по својата ќерка

Следно

Блинкен со предупредување до Кина: Ќе се соочите со сериозни последици ако и помагате на Русија

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop