Американската Тајна служба почна да се подготвува за притворање на Трамп

1 min read

Од Тајната служба не веруваат дека судијата ќе одлучи да го испрати Трамп во притвор, меѓутоа го подготвуваат планот за секој случај. Се уште немало дискусии што ќе се прави ако Трамп на судењето биде прогласен за виновен и добие казна затвор.

Од службата одбиле да коментираат за конкретниот случај, порачувајќи дека нивна работа е да планираат заштита на поранешниот претседател во сите можни околности каде било во светот.

На Трамп судот му забрани да коментира и да дава изјави за сведоци, поротници и адвокати и обвинители во случајот што се води против него за поткупување на порно-ѕвездата Сторми Даниелс пред изборите 2016, да не споделува што и како и било предложено од неговите луѓе.

Според обвинителот, Трамп оваа забрана месецов ја прекршил најмалку 10 пати и иако тие за него не бараат казна со притворање објаснуваат дека „изгледа како обвинетиот да се стреми кон тоа.“

ИЗВОР: off.net.mk

Претходно

Биљали во СТУДИО 10: Пендаровски излезе жртва за неснаоѓањето на СДСМ во презентацијата на своите политики

Следно

Тен Хаг не ги прифаќа критиките кон Јунајтед

Latest from Blog