Американската полиција во состојба на готовност поради можното апсење на Трамп

March 21, 2023
1 min read

На сите членови на њујоршката полиција, вклучително и на детективите во цивилна облека, им е наредено денеска да бидат опремени со целосна униформа и да бидат подготвени да се мобилизираат, пишуваат американските медиуми

Photo: EPA-EFE/STEVE POPE

Обвинителството од Менхетн, Њујорк, би можело да го обвини поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, за тоа дека платил на порноактерка да молчи за аферата што наводно ја имале тие. Тоа би било прва кривична постапка против поранешен претседател.

Од тие причини, полицијата во големите американски градови е во состојба на готовност, односно се подготвува за потенцијални немири и демонстрации во случај Трамп да биде уапсен оваа недела во рамки на истрагата.

Барикади, пишуваат американските медиуми, вчера биле поставени пред Кривичниот суд на Менхетен, а забележливо е и зголемено полициско присуство пред кулата „Трамп“ во Њујорк.

На сите членови на њујоршката полиција, вклучително и на детективите во цивилна облека, им е наредено денеска да бидат опремени со целосна униформа и да бидат подготвени да се мобилизираат, изјавил полициски извор за Си-би-ес.

Полицијата и ФБИ, наводно, веќе биле во контакт со американската тајна служба, чија задача е да ги обезбедува поранешните претседатели, за тоа како би можело да се случи потенцијалното апсење на Трамп.

Весникот „ЛА тајмс“, пишува и дека во Лос Анџелес полицијата и федералните власти се подготвуваат за можни протести.

Трамп во саботата самиот објави дека очекува денеска да биде уапсен и повика на протести.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Поплавите предизвикани од циклонот Јаку одзедоа 65 животи во Перу, петмина се исчезнати

Следно

Нов фонд на НАТО, вреден 1,1 милијарда долари и наменет за инвестиции во европски стартап компании

Latest from Blog

Македонец загина, а друг е тешко повреден во превртен автомобил на автопатот Нови Сад – Суботица

Едно лице го загуби животот, а друго е со тешки телесни повреди во тешка сообраќајна несреќа што се случила денеска во раните утрински часови на делницата помеѓу клучката Жедничка и наплатната станица

Од патарини инкасирани над 30 милиони евра за половина година, поголема достапност на М-ТАГ уредот

Од патарини во првата половина од годинава се наплатени 1.900.255.930 денари (30,89 милиони евра) за 78 милиони денари повеќе во однос на истиот период од минатата година. Евидентираниот раст на електронската наплата

ВИДЕО: Аплаузи и многу емоции, телата на Диого Жота и Андре Силва доцна синоќа пречекани во родниот Гондомар

Тишината низ улиците на Гондомар, родниот град на браќата Диого Жота и Андре Силва, синоќа во 23:30 часот беше прекината во моментот кога се слушнаа полициските сирени. Насобраните луѓе, обожаватели и почитувачи
Go toTop